ОМД доби меѓународни честитки за 10-годишното постоење

Во текот на вчерашниот ден, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) ја прослави својата 10-годишнина. Честитки од сите страни на светот беа упатени, вклучувајќи ги и од Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорѓе Иванов, како и Претседателот на Владата на Република Македонија г. Никола Груевски. ОМД не може да изразат доволна благодарност за признанието што го добија за една деценија служба за Македонија и македонските заедници на глобално ниво.

По повод 10-годишнината, ОМД организираше свечена Гала вечера во Вашингтон, која беше посетена од неколку стотици гости од целиот свет вклучувајќи ги министерот за транспорт и врски г. Миле Јанакиески, министер без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции г. Џери Наумофф, пратеникот Павле Саздов, директорот на Агенцијата за Иселенишство г. Васил Наумов, почесните конзули на Република Македонија во САД, Лу Влашо, Џајсон Мико, Дејна Клајн, како и високи претставници на Белата Куќа и Стејт Департментот. ОМД во оваа пригода додели и признание за јавна служба за промовирање на македонските интереси на Лу Влашо, почесениот конзул во Неплс, Флорида.

Во прилог се дел од признанијата:

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов изјави: “Честитките се за успешната работа на организацијата и на нејзините членови сите овие години. Би сакал во оваа пригода да го изразам моето задоволство од соработката која успеавме да ја оствариме во изминатиот период…претставувате и пример за тоа како треба да се негуваат чувствата да се помага и да се сака својата родна земја. За целокупниот досегашен придонес на ОМД, за сите Ваши индивидуални и колективни успеси и достигнувања, ме радува што имав прилика и лично да Ви го доделам одликувањето – Повелба на Република Македонија, како своевидна благодарност за сето досега сторено.”

Претседателот на Владата на Република Македонија г. Никола Груевски изјави: “ОМД прерасна во респектабилна невладина организација која активно работи во промоција и заштита на интересите на Македонците шурум светот, како и во поддршка на Република Македонија во меѓународната заедница и пред меѓународните авторитети и креатори на политики. Раководството на ОМД со својата неуморна работа, со организацијата на бројни социјални, културни, и деловни настани, успеа да се наметне како релевантен фактор во обединување на македонската дијаспора, во застапувањето и одбраната на македонските национални интереси пред соодветните национални и меѓународни институции, како и во анимирање на иселениците за нивен поактивен придонес во реформите процеси во татковината.”

Гувернерот на Мариленд, Мартин О’Мајли изјави: “За 10 години, Обединетата Македонска Дијаспора работи за промоција на интересите и потребите на Македонците и македонските заедници од Мериленд како и од целиот свет. Преку вашиот ангажман, вие ги здруживте Македонците и ги зајакнавте врските меѓу Република Македонија и други нации”.

Гувернерот на Мичиген, Рик Шнајдер изјави: “Мичиген е дом на повеќе од 125,000 Американци со македонско потекло…ние сме благодарни за нивните служби и придонеси за културната и економска виталност на нашата држава”.

Гувернерот на Њу Џерси, Крис Кристи изјави: “Во последната деценија, ОМД организираше четири глобални конференции, зближувајќи ги луѓето за размена на идеи и зголемувајќи ја свеста за богатата историја на Македонија”.

Гувернерот на Вирџинија, Теренс Р. МекОлиф изјави: “Ве пофалувам за се што направивте, за вашата служба до загрозените луѓе во Македонија преку вашата богата хуманитарна работа, вклучувајќи ја и поддршката на стипендии за студенти во Македонија и Соединетите Американски Држави”.

Сенаторот на Конектикат, Кристофер С. Марфи изјави: “Во текот на изминатата деценија, ОМД не само што гарантираше дека македонско-американската заедница има глас кај нашата нација, но исто така се прошири на глобално ниво во Австралија, Канада и Европа, што ја прави една од водечките организации за промоција на граѓаните на Македонија”.

Сенаторот на Илиноис, Марк Стивен Крк изјави: “ОМД ја презеде водечката улога во застапувањето на правата и интересите на македонско-американската заедница. Само во Илиноис, македонско-американската заедница е застапена со 75,000 членови и игра критична улога во заедничкото ткаење на политичката, економската и социјалната структура на оваа голема држава.”

Поранешниот Сенатор на Охајо, Џорџ Воинович изјави: “Благодарен сум за поддршката на вашата организација додека бев член на Сенатот на САД во нашите напори за приклучување на Македонија како членка во НАТО и Европската Унија.”

Конгресменката на Мичиген, Кендис С. Милер изјави: “Од 2004 година, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) служи како водечка меѓународна организација за потребите и интересите на Македонците и Американци со македонско потекло. ОМД е цврст поборник за македонските каузи на национална како и глобална скала.”

Конгресменот на Њу Џерси, Бил Паскрел изјави: “Како резултат на вашите напори, Конгресната група за пријателство со Македонија и Американци со македонско потекло можи и понатаму да гради цврсто пријателство меѓу САД и Македонија.”

Австралискиот пратеник г. Лук Симпкинс изјави: “ОМД стана столб на поддршка за големата Македонска дијаспора…Ви се восхитувам на напорите кои ги направивте во текот на изминатите 10 години, кои доведоа до зголемена промоција на интересите и потребите на Македонците во целиот свет.”

Пратеникот на Собранието во Р. Македонија за Северна и Јужна Америка г. Павле Саздов изјави: “Денес, Македонија е кандидат за членство во НАТО и ние сме во очекување на почеток на процесот за преговори за полно членство во Европската Унија….Замислете каде Македонија би била денес доколку ја имавме оваа организација и овој вид на претставници во Вашингтон, кога Македонија ја прогласи својата независност.”

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Р. Македонија, Пол Д. Волерс изјави: “Задоволство ми е да ја признаам ОМД за нејзината децениска улога за помагање на Македонија за доближување на до своите цели, вклучувајќи ја и целосната интеграција во евро-атлантската заедница…Ве повикувам сите вас, колективно и индивидуално, да останете ангажирани на прашањата на Република Македонија и до понатамошен економски и политички развој на Македонија преку работа за унапредување на демократските идеали и реформите кои се потребни за да се движи Македонија напред.”

Метрополитот Методиј од Американско-Канадската Македонска Православна Епархија изјави: “ОМД стана речиси домашен збор во македонската заедница…Вашето лидерство и меѓународен ангажман продолжува да придонесува за благосостојбата на Република Македонија и македонските граѓани низ целиот свет. Вашиот дух, движење и напорна работа ја направи вашата организација каква што е денес – модерна, почитувана, меѓународна граѓанска организација, способна да се соочи со предизвиците на модерната ера, додека длабоко вкоренети во традиционалните вредности на македонскиот народ”.

Директорот на Стејт Департментот на САД за Државниот завод за Јужна и Централна Европа Томас Јаздгарди изјави: “Нашите луѓе-до-луѓе конекции се извор на енергија на нашата врска. Преку вашата работа од локалните заедници и универзитетски кампуси во држави како Мичиген, Њу Џерси и Охајо до салите на Конгресот – ОМД гради нови мостови на соработка меѓу Македонија и САД”.

Кликнете ТУКА за да ги прочитате целосните четитки.

Previous UMD 10th Anniversary Gala – Washington, D.C. – October 18, 2014

UNITED, WE CAN!

United Macedonian Diaspora
800 Maine Avenue SW Suite 200 Washington, D.C. 20024

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

United Macedonian Diaspora © 2024. All Rights Reserved