Трка за помош на деца без родители од домот 11-ти Октомври, во Вашингтон, Њујорк, и Ен Арбор во Мичиген

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) со задоволство најавува дека добротворниот настан, трката Ајвар 5К, поради големата заинтересираност, оваа година по втор пат ќе се одржи во Вашингтон и за прв пат оваа година на две други локации во Њујорк и Ен Арбор во Мичиген. Сите три трки по повод 22 годишнината од осамостојувањето на Македонија ќе бидат одржани во Недела на 8-ми Септември 2013.

За да се регистрирате за трката стиснете ТУКА.

Средствата собрани од сите три трки ќе бидат донирани на Домот за деца без родители 11-ти Октомври во Скопје во кој нови подови, теписи, шкафови и многу други работи се повеќе од потребни. Во зависност од тоа колкав ќе биде бројот на донирани средства се надеваме дека ќе бидеме во ситуација да пружиме помош во форма на формула пелени и други потребни работи на Домот за доенчиња и мали деца во Битола. Вашата помош и поддршка е повеќе од потребна.

Трката во Ен Арбор во Мичиген под наслов МК Ајвар 5К трка за различност е организирана од страна на Македонско-Американската Студентска Асоциација (МАСА) при Универзитетот во Мичиген и дел од средствата ќе бидат донирани на локалната асоциација Роналд Мек Доналд за деца на кои им е потребна помош.

Благодарејќи на дарежливоста и великодушноста на многубројните пријатели, од различни националности, заедно со Обединетите Македонски Американци од Детроит минатата година, успеавме да го обезбедиме домот за деца без родители 11-ти Октомври со 25 нови крветчиња и душеци за децата во истиот. Во партнерство со Pencils 4 Kids International, основана од страна на Амбасадорката Љубица Ачевска член на советот на ОМД, обезбедивме школски прибор и матеијали за децата во домот. Проследете го краткото видео од минатогодишното доделување на донацијата ТУКА. А сликите од истиот настан можете да ги погледнете ТУКА.

При завршувањето на трката секој тркач ќе добие мајца и тегла од најпознатит Македонски специјалитет Ајвар (тркачите од Ен Арбор не добиваат мајца). На прво пласитаните по завршувањето на трката ќе им бидат доделени и награди, а исто така ќе има наградно извлекување обезбедено од нашите спонзори.

Се надеваме дека ќе ни се придружите на еден од локациите на организиранате трки во Вашингтон, Њу Јорк или Ен Арбор во Мичиген и ќе бидете дел од прославата на 22 годишнината од Денот на Независноста на Македонија.

Заинтересираните за подетални информации за учество на трката Ајвар 5К во Вашингтон, Њујорк и Ен Арбор како и за донирање можат да го проследат линкот на: http://www.ajvar5k.com/index.html#.Ug_02ZJJOAY

Ве молиме останете информирани со важната работа на Обединетата Македонска Дијаспора и подржете ја ОМД со тоа што ќе станете член на истата: https://www.umdiaspora.org/index.php/en/

Previous Ajvar 5K Run/Walk to Help Macedonian Orphans in D.C., NYC, or Ann Arbor

UNITED, WE CAN!

United Macedonian Diaspora
800 Maine Avenue SW Suite 200 Washington, D.C. 20024

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

United Macedonian Diaspora © 2024. All Rights Reserved