Обединетата македонска дијаспора (ОМД), водечката глобална организација за Македонците во странство, го издаде следниот одговор во однос на утринските вести дека Зоран Заев поднел оставка:
„Оставката на Зоран Заев е момент за пауза и размислување за Македонците ширум светот. Неговите постапки во последните 3 години се надвор од партиско-политички. Принудувајќи преку референдум со резултат што не ги исполни условите кој што тој самиот ги постави, неусешен референдум којшто народот одлучно го одби, тој си зема за право и се обиде да докаже дека македонскиот идентитет е на масата за политичко договарање. Не е!“
„Настаните што доведоа до оваа оставка се строго предупредување дека гласачот има и никогаш нема да ја санкционира нивната историја да се користи како средство за договарање. Повторно, ова не е партиско-политичка точка. Без разлика кој ја води државата, името Македонија и македонската култура и историја мора да бидат зачувани и заштитени, и секој лидер што ќе си даде себеси за право да помисли дека е поголем од канцеларијата која што ја застапува на задоволство на македонските гласачи греши.“