Поранешниот потпретседател Џо Бајден ѝ го честита празникот Илинден на македонската заедница во САД

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) им се заблагодари на поранешниот потпретседател на САД, Jо Бајден и д-р Џил Бајден, што издадоа изјава денес на годишнината од Илинденското востание и го прославија успехот на македонско-американската заедница во Соединетите држави.

ОМД е невладина непартиска непрофитна добротворна организација. Како таква, ОМД не поддржува или се спротивставува на политичките партии или кандидати. ОМД ја информира јавноста за сите новости поврзани со македонско-американската заедница.

„Џил и јас испраќаме честитки до македонско-американската заедница, која што го празнува Илинден и антифашистичката декларација од 1944 година. Овие настани ја поставија основата за суверена, плуралистичка и мултиетничка република, која САД се горди да ја наречат пријател и сојузник, и која е длабоко почитувана членка на евроатлантската заедница“, се вели во изјавата на Бајден.

Тој рече дека Американците со македонско потекло, го зацврстиле и збогатиле американското општество.

„Како пријател на Американците со македонско потекло, го празнувам со вас успехот на македонско-американската заедница. Вие сте потсетник дека САД остануваат инспирација за надеж, слобода и можности“, рече Бајден, нагласувајќи дека како претседател би работел на постигнување помирна и попросперитетна евроатлантска иднина на целиот регион.

Previous Vice President Biden Celebrates Success of Macedonian-Americans on Ilinden Anniversary

UNITED, WE CAN!

United Macedonian Diaspora
800 Maine Avenue SW Suite 200 Washington, D.C. 20024

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

United Macedonian Diaspora © 2024. All Rights Reserved