ОМД со писмо до Мајк Помпео бара почитување на демократските норми во Македонија и Грција

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) испрати писмо до Американскиот Државен Сектретар Мајк Помпео по повод неговата посета на Република Македонија. Помпео ќе биде првиот раководител на Стејт Департментот во посета на Македонија по речиси дваесет години. ОМД се осврна на фактот што Македонија била и ќе продолжи да биде стратешки партнер на Соединетите Американски Држави во мисиите во Афганистан, Босна, Ирак и Косово, и истакна дека посетата на Помпео ја валидира благодарноста на САД кон допринесот на Македонија и македонците.

Истовремено, ОМД потенцираше дека посетата на Помпео се случува во клучно време за Македонија, кога земјата се наоѓа на прагот на НАТО и ЕУ, и кога е поважно од било кога да се зацврснат демократските норми на владеење во Македонија. Неодамнешните корупциски скандали во Македонија фрлаат сенка врз подготвеноста на македонските власти да го подобрат владеењето на правото, и ОМД инсистираше на тоа Американскиот Државен Сектерат да се осврне врз владеењето на правото во Македонија за време на неговите средби со државниот врв.

Покрај фокусот на домашната политика, ОМД изрази длабоко жалење за постапките на македонските власти кои подлегнаа на Грчки притисоци, и одлучија да го потпишат капитулантскиот Преспански договор. Во писмото ОМД наведе дека недемократските принципи и насилното одземање на правото на македонците на само-идентификација претставува застрашувачки преседан за земја членка на НАТО. Покрај Грчки притисоци и закани, ОМД исто така наведе дека Бугарија врши слични притисоци врз Македонија.

Користејќи го правото на вето во НАТО и ЕУ, Бугарските власти изнудуваат секакви историски отстапки кои длабоко го загрозуваат македонскиот идентитет. Во писмото, ОМД го повика Помпео да ги конфронтира Грчките и Бугарските власти во однос на овие прашања, и да побара од Атина и Софија да престанат да се мешаат во внатрешните работи на Република Македонија.

Понатаму, ОМД побара од Помпео да разговара со грчките власти за дискриминацијата врз македонското малцинство во Грција. ОМД ги потенцираше многуте недемократски практики во Грција, како оневозможување на слободна регистрација на македонски организации и на македонска православна црква, и истовремено го повика државниот секретар да изврши притисок врз Атина за подобрување на демократските начела во земјата.

ОМД се надева дека посетата на Помпео на регионот ќе допринесе кон подобрување на состојбите со владеењето на правото, слободата на изразување и кон елиминирање на флагрантните мешања на нашите соседи во внатрешната политика на Македонија.

Previous As EU Decision on Macedonian Accession Looms Nearer, Bulgaria Shows Increased Symptoms of Their Macedonian Syndrome

UNITED, WE CAN!

United Macedonian Diaspora
800 Maine Avenue SW Suite 200 Washington, D.C. 20024

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

United Macedonian Diaspora © 2024. All Rights Reserved