ОМД се спротивставува на грчкото министерство за повлекување на регистрацијата на македонската културна организација

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) се противи на ненадејното повлекување на регистрацијата на Непрофитната Оргранизација Македонско движење за унапредување на мајчиниот јазик „Крсте Мисирков“ од страна на грчкото Министерство за култура и спорт (понатаму во текстот „Грчко министерство“), само три дена по доделувањето официјална регистрација на организацијата.

Целта на организацијата Крсте Мисирков е да ги унапреди македонскиот јазик и култура во регионот на северна Грција и да се залага против тековната и присилна хеленизација на македонското малцинство таму.

ОМД смета дека промената на одлуката на грчкото Министерство е неразумно објаснет. Како што изјави градоначалникот на С’ботско (Аридеа), Христос Бацис на својата Фејсбук страница: „Министерството беше измамено и одлуката мора да се поништи, бидејќи НПО што не ја сака нацијата или Грција не смее да се финансира“. Дискриминирачко и неправедно е да се формира став дека само затоа што македонското малцинство се обидува да го негува својот јазик и култура, од оваа причина не е лојално на грчката држава.

Првичното одобрување на грчкото Министерство и ненадејното повлекување на регистрацијата на организацијата Крсте Мисирков го спречува македонското малцинство да има пристап до нивните основни човекови права. Тоа покажува дека граѓаните од македонското малцинство во Грција продолжуваат да се третираат како граѓани од втор ред, иако тие се родени во Грција и законски грчките граѓани имаат еднакви права. ОМД е згрозена што грчкото Министерство подлегна на локалниот политички притисок да се стави крај на регистрацијата на организацијата, спротивно на изразената заштита на малцинствата од страна на Европската унија и меѓународното право.

Неодамна, ОМД објави извештај под наслов „Елиминирање на етничката, јазичната и верската дискриминација на македонското малцинство во Албанија, Бугарија и Грција за да се обезбеди успешна имплементација на Резолуцијата А/РЕЗ/74/165 на ООН“, истакнувајќи ја дискриминацијата на македонското малцинство во Грција и повик на владина поддршка за зголемување на достапноста до македонскиот јазик и култура.

Резолуцијата на Обединетите нации усвоена од Генералното собрание на 18 декември 2019 година „Ефективно промовирање на Декларацијата за правата на лицата кои припаѓаат на национални или етнички, верски и јазични малцинства А/РЕЗ/74/165“ ги охрабрува сите земји да работат кон ставање крај на дискриминација на малцинствата.

Затоа ОМД го повикува грчкото Министерство да ја преиспита нивната позиција и со право да ја врати регистрацијата на организацијата во согласност со меѓународното право и основните права на малцинствата.

Previous Η UMD αντιτίθεται στην κατάργηση της εγγραφής Μακεδονικού Πολιτιστικού Φορέα από ελληνικό Υπουργείο

UNITED, WE CAN!

United Macedonian Diaspora
800 Maine Avenue SW Suite 200 Washington, D.C. 20024

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

United Macedonian Diaspora © 2024. All Rights Reserved