ОМД се прошири со отварањето на органоци во Германија и Холандија

Водечката организација на Македонците во светот, Обединетата македонска дијаспора (ОМД) со задоволство го објавува проширувањето на своите операции со назначувањето на Филип Алтипармаковски како преставник на ОМД во Холандија, Игор Данајловски како преставник на ОМД во Дизелдорф (Германија), и Гоце Пероски како преставник на ОМД во  Штутгарт (Германија).  Привремено, Алтипармаковски исто така ќе ја преставува ОМД и во Брисел, се додека ОМД не назначи директен преставник за Брисел. 

“Во Германија и Холандија живеат над 130.000 Македонци.  Македонските заедници во овие земји одиграа клучна улога во зачувување на македонскиот идентитет и во вековната борба за независност на Македонија”, изјави претседавачот на одборот на ОМД Стојан Николов по едногласното одобрување на преставниците од страна на Одборот на директори на ОМД. 

“Стратешка цел на Македонија е да влезе во Европската унија (ЕУ) и Македонија го заслужува своето вистинско место во Европа.  Секако, цел на ОМД е да и помогне на Македонија на патот кон ЕУ интеграцијата”, рече претседателот на ОМД Методија А. Колоски.  “Именувањето на овие млади, ентузијастички, и посветени Македонци е првиот чекор кон официјалното отварање на канцеларија на ОМД во Европа. Убеден сум дека Филип, Игор и Гоце ќе бидат одлични претставници на македонската заедница пред јавноста и пред креаторите на политиките во Холандија, Германија и Европската Унија.”

Новите преставници на ОМД ќе се приклучат на веќе постоечките европски претставници на ОМД во Австрија, Франција, Грција, Русија и Велика Британија.  Од 18-21 февруари, претседателот на ОМД ќе предводи делегација составена од европските преставници на ОМД во Брисел.  Планирани се средби со креаторите на политиката на ЕУ, како и властите кои ракуваат со човекови права, правата на малцинствата, како и со прашањата за меѓународните верски слободи. 

Филип Алтипармаковски е роден и пораснат во Битола. Си заминал од Македонија на 18 годишна возраст да студира меѓународни односи на Универзитетот Утрехт во Холандија. Своите дипломски студии ги завршил на Правниот факултет на Универзитетот Лајден. Вторите дипломски студии ги има завршено во сферата на конфликт резолуција на Универзитетот во Брадфорд. 

Во моментот е со седиште во Амстердам. Филип е млад адвокат со мултидисциплинско искуство и посебен интерес за Македонија и меѓународни работи. Претходно има работено во меѓународниот јавен сектор во Хаг и моментално се фокусира на неколку проекти, вклучувајќи истражување на правните пречки за влезот на Македонија во меѓународни организации како што се ОН и НАТО, валидноста на доделувањето на амнестија за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени во конфликтот од 2001 година во Македонија, како и малцинските права на Македонците во Грција пред судот во Стразбург. 

Во Холандија Филип основал македонска студентска организација како и информална онлајн заедница за млади професионалци од Македонија кои живеат во Холандија. За време на летниот период Филил ужива да пешачи на Пелистер и да ужива во Охрид и Преспа. 

Игор Данајловски е роден во 1987 година во Тетово но е пораснат во Дизелдорф, Германија. По обуката во Ситибанк, тој повеќе од шест години работи во Комерцбанк како банкарски консултант, во одделот за менаџмент и меѓународен бизнис одговорен за големи, мултинационални корпорации.

Данајловски има диплома во меѓународен менаџмент а во моментот ги завршува своите мастер студии во Бизнис администрација и економија. Тој истотака е и професионален музички продуцент и поседува студио за снимање. За првпат им го привлече вниманието на многумина со своите добро познати фотографии на кои се претставени убавините на неговата татковина. Признат како долгодишен поддржувач на македонските интереси, тој со нетрпение ја започнува својата работа како регионален претставник на ОМД во Дизелдорф, каде што ќе лобира Германија да ја признае Македонија под уставно име и поддршка за Македонија во своите Евро-атлантски интегративни процеси. 

Гоце Пероски е Германец со македонско потекло, и служи како регионален претставник на ОМД за Штутгарт во Сојузна Република Германија. Гоце е дипломиран филолог по англиски и германски јазик на Еберхард Karls универзитетот. Гоце има пишувано на теми поврзани со интеграцијата на Македонија во ЕУ, како и за факторите на влијание врз нивото на успехот на децата со имигрантско потекло.  Од јануари 2010 година, Гоце предава во средно училиште во Штутгарт. Во неговото слободни време,  Гоце е активен во организирањето на македонската заедница во Германија. Гоце е ко-основач на Германско-македонскиот културен форум “Корзо” во Штутгарт, и служел како претседател на форумот од 2006 до2009 година. Во своето слободно време, Гоце ужива во пливање, играње тенис и читање на литературата и историски книги. 

 

Previous UMD Expands to Germany and The Netherlands

UNITED, WE CAN!

United Macedonian Diaspora
800 Maine Avenue SW Suite 200 Washington, D.C. 20024

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

United Macedonian Diaspora © 2024. All Rights Reserved