ОМД Назначи Нов Член на Управниот Одбор и Нов Глобален Претставник

По заседавањето на годишниот состанок на Управниот Одбор на Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД), претседавачот на ОМД Стојан Николов со задоволство објавува дека Димитар Насев, досегашен ОМД претставник за Лос Анџелес ќе се приклучи на Управниот Одбор и ќе ја преземе новата улога на Директор за Економски Развој, и д-р Наташа Гарет ќе ја преземе улогата на прв ОМД претставник за Питцбург, Пенсилванија.

“Со оглед на зголемениот интерес на членовите на ОМД за економскиот напредок на Македонија, воодушевен сум што Димитар, кој има значајно искуство на ова поле, ќе го води економскиот комитет за развој на ОМД и ќе ја промовира Македонската економија во светот”, рече претседавачот на Управниот Одбор на ОМД, Стојан Николов.

“Димитар ги потенцираше неговите лидерски способности како ОМД претставник за Лос Анџелес. За време на неговиот мандат, Димитар предводеше важни разговори со претставници од државната и локална самоуправа, во врска со прашања и интересите на Македонските Американци и организираше различни настани за ширење на нашата култура, особено во промовирање на еден од најдобрите пијанисти на Македонија, Симон Трпчески”, рече членот на ОМД Управниот Одбор и директор за операциите во САД Трајко Папучкоски.

“Ми претставува голема чест да се приклучам на Управниот Одбор на ОМД и воодушевен сум за можноста да волонтирам покрај толку еминентни личности. Прифаќањето на новата позиција со ОМД носи уште поголеми одговорности и јас ќе дадам се од себе за да придонесам кон мисијата на ОМД во иднина”, рече Насев.

“Со нетрпение очекувам да работам со Наташа во поттикнување и промовирање на Американско-Македонските односите во регионот на Питцбург сo нејзиното богато академско искуство и придонес и за важната мисија на ОМД”, рече Папучкоски.

“Улогата на Глобален Претставник на ОМД ќе ми овозможи официјално да ја претставувам мојата татковина и мојата култура. Со нетрпение очекувам да соработувам со македонско-американската заедница во мојот регион, со други локални и регионални организации, како и да овозможам поддршка на работата на ОМД во светот”, вели Гарет.

Биографии

Димитар Насев е роден во Штип, Македонија. Тој завршил постдипломски студии по електротехничко инжињерство на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, Македонија. По дипломирањето, тој имаше успешна кариера во автомобилската индустрија, како сопственик на мал бизнис и работejќи индиректно со Цитроен и Рено.

Тој и неговата сопруга се преселија во Калифорнија во 2000 година, каде што живеат со нивните три деца. Во Лос Анџелес, Димитар ја продолжи својата кариера со Тојота / Лексус до 2005 година, кога тој се префрли во воздушната индустрија. По неколку години работење како програмски менаџер за производство, Димитар сега ја предводи канцеларија за врски за развој на бизнисот на американските компании за воздушно производство.

Уште со учленувањето во ОМД во 2009 година, Димитар демонстрираше ентузијазам и иницијатива. Во 2010 година, тој беше назначен за ОМД регионален претставник за Лос Анџелес, што беше првиот американски претставник на ОМД надвор од Вашингтон.

Наташа Гарет е роденa во Скопје, Македонија. Таа дојде во САД како додипломски студент во Ла Рош колеџот во Питцбург, Пенсилванија. Таа магистрираше по англиска книжевност на Универзитетот Дукејн и докторираше по образовна социјална и компаративна анализа на Универзитетот во Питцбург. Во моментот е директор за Меѓународни Студентски Услуги во Ла Рош колеџот.

Д-р Гарет е многу активна во глобалната заедница во Питсбург. Таа служеше како преведувач и толкувач, како доброволец за прием на неодамнешни државјани на САД и како врска помеѓу странските студенти и нивните национални / етнички групи во регионот. Таа редовно презентира на регионални и национални конференции на теми поврзани со меѓународно образование и меѓу-културна комуникација. Таа е член на Советодавниот Одбор на ГлобалПитцбург и има издадено и преведено македонска поезија. Таа живее во Питцбург, со нејзиниот сопруг и синот.

Previous UMD Makes New Appointments to Board and Global Representatives Team

UNITED, WE CAN!

United Macedonian Diaspora
800 Maine Avenue SW Suite 200 Washington, D.C. 20024

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

United Macedonian Diaspora © 2024. All Rights Reserved