ОМД му честита на пратеникот Лук Симпкинс што ќе претседава со парламентарната група за австралиско-македоснко пријателство

ОМД топло ја поздрави веста дека г-дин Лук Симпкинс – член на Претставничкиот дом за седиште на Кауан во Западна Австралија, ќе биде претседавач на парламентарната група за австралиско-македонско пријателство во овој нареден четиригодишен мандат на Парламентот на Австралија.

Директорот на ОМД Австралија г-дин Ордан Андреевски објасни дека “Австралиско-Македонската парламентарната група за пријателство е многу важно институционално тело во австралискиот Парламент, кој одигра водечка улога во негувањето блиски врски со Република Македонија и на македонската заедница во Австралија. Пратеникот Лук Симпкинс е активен и влијателен член на сите претходни групи за пријателство, каде што тој ја покажа својата силна посветеност да работиме тесно со Македонија и нејзината дијаспора во Австралија. Тој е силен поборник за Австралија да ја признае Македонија под нејзиното легитимно уставно име. Тој ја посети Македонија и македонската заедница во Албанија и Грција и ја достави својата загриженост во ЕУ и австралискиот Парламент во врска со потребата да се заштитат легитимните права на Македонија и македонската дијаспора во регионот. Ние очекуваме дека Лук Симпкинс ќе го води неговиот тим од 22 други пратеници од целиот политички спектар во официјална посета на Македонија што можно поскоро”.

ОМД Австралија е воодушевена да напомене дека на пратеникот Лук Симпкинс му беше доделена награда на ОМД за пријателство со Македонија во 2013 година, како дел од гала вечерата во Сиднеј посветена на подобрување на Австралиско-Македонските односи. ОМД не можеше да побара подобра личност да ја води работата на Австралско-македоснката парламентарната група за пријателство. Пратеникот Лук Симпкинс е високо почитуван член на Парламентарната Либерална партија која се води од страна на премиерот Тони Абот и заменик лидерот на Либералната партија, пратеникот Џули Бишоп и министер за надворешни работи. Се надеваме дека Лук ќе ја охрабри Владата на Австралија да отвори амбасада во Македонија и да го направиме регионот повисок приоритет за Австралија. Таквото дипломатско место ќе служи на неисполнети потреби на Австралијците кои ја посетуваат Македонија, како и на потребите на локалните Македонци и другите заедници кои имаат потреба од пристап до австралиските дипломатски и конзуларни услуги.

Од 2004 година, ОМД работи активно да ја креира националната, парламентарната и политичката дебата во Австралија на низа важни политички прашања и истражување. Овие вклучуваат начини за подобрување на билатералните односи меѓу Австралија и Македонија и поднесоци до австралискиот Парламент да се зголеми влијанието на прекуморската застапеност на Австралија, на прашањето за мултикултурализам и социјална инклузија, прашањето во Програмата за меѓународна развојна помош на Австралија, поврзување на проектот на Австралискиот совет за истражување на македонската дијаспора во Австралија: Сегашните и потенцијалните врски со татковината и недоамнешното поднесување во конзуларната стратегија на Аврсталија 2014-2016.

Previous UMD Congratulates Luke Simpkins MP for Chairing the Australia Macedonia Parliamentary Friendship Group

UNITED, WE CAN!

United Macedonian Diaspora
800 Maine Avenue SW Suite 200 Washington, D.C. 20024

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

United Macedonian Diaspora © 2024. All Rights Reserved