ОМД: Македонската владејачка коалиција и Собранието го прекршија Уставот

Обединетата Mакедонска Дијаспора (ОМД) остро ги осудува шеесет и деветте членови на Собранието на Република Македонија за денешнoтo усвојување на законот за јазици кој ќе го кодифицира албанскиот јазик како официјален јазик на целата територија на Република Македонија. ОМД и глобалната македонска заедница надвор од Македонија нема да го толерираат редефинирањето на македонскиот национален идентитет. Историјата ќе им суди на оние кои го изгласаа овој закон.

Овој закон, усвоен без демократски процес или вистинскa јавна дебата, ќе ги чини македонските даночни обврзници милиони, и ќе го наруши Уставот на Република Македонија. Законот не е потврден од Венецијанската комисија на Советот на Европа и ја придвижува земјата на чекор понатаму да стане бифедерална држава, загрозувајќи го унитарниот територијален интегритет на Македонија. Нема историска основа или демографски причини за Македонија да има биетнички идентитет како Белгија. Двете етнички заедници единствено не го сочинуваат македонското општество.

ОМД ги повикува:

1. Претседателот Ѓорге Иванов веднаш да дејствува со непотпишувањe на овој закон, спречувајќи го да се реализира во практика.
2. САД и ЕУ веднаш да го осудат овој акт на Собранието. Ако не успеат, тогаш треба да инсистираат Лерин да биде напишан веднаш до Флорина во Грција, на Арапски во близина на Берлин во Германија и во Нуева Јорк до Њујорк, во САД.
3. Македонија итно да спроведе попис на населението, кој што не e направeн од 2002 година.
4. Опозицијата на Македонија да престане да го бојкотира Собранието, како и нивните претходници, да се врати на работа претставувајќи ги интересите на нивните изборни единици.

Предложениот закон е неуставен и поделбен и ги продлабчува недостатоците на Охридскиот рамковен договор од 2001 година, посредуван од САД и ЕУ. Наместо да ги обединува луѓето во Македонија, овој закон служи само за понатамошна поделба на Македонија по две етнички и религиозни линии, што е сосема спротивно на Македонија и нејзините цели за мир и соработка со соседите и стабилноста во целиот регион. Наместо да се поделат пo етнички и верски енклави, Македонците од сите средини треба да останат обединети под единствен службен јазик – македонскиот јазик.

ОМД смета дека ниту едно малцинство во Македонија не треба да има преференцијален третман врз другите, а Македонија мора да престане да создава паралелни општества, и да се фокусира на градење на горда татковина за Македонците и сите македонски граѓани кои го почитуваат владеењето на правото и демократските институции во Македонија.

Previous UMD: Macedonia’s Ruling Coalition and Parliament Violated the Constitution Today

UNITED, WE CAN!

United Macedonian Diaspora
800 Maine Avenue SW Suite 200 Washington, D.C. 20024

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

United Macedonian Diaspora © 2024. All Rights Reserved