ОМД: Електронското гласање е единствен прифатлив начин за гласање на дијаспората

По основ на изјавата на Претседателот на Државната Изборна Комисија (ДИК) Оливер Деркоски за потребата од промена на начинот на гласање во дијаспората, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) ја изразува својата поддршка, но единствено под услов на воведување можност за електронско гласање. Укинувањето на гласањето во градови со низок одзив поради финансиската импликација, без овозможување на алтернативно решение за процесирање на гласовите на македонските иселеници, според ОМД е обид за одземање на најголемото демократско право со кое дијаспората се стекна по долгогодишни залагања за вклученост во одлучувачките процеси на матичната земја.

Наведувањето на слабиот одзив на дијаспората кој изнесува 1836 регистрирани гласачи, како причина за оневозможување на гласање на македонските иселеници во 15 населени места со незадоволителен број на регистрирани гласачи, според ОМД е неиздржан. Наместо да се анимираат иселениците со поедноставен начин на гласање кој е во чекор со светските практики и технологии како би се зголемил цензусот во дијаспората, покрај големиот број дневно-политички и меѓу-партиски разочарувања кои ги одвратија иселениците во намерата да го искористат своето гласачко право, државата продолжува да го оспорува и отежнува нивното право на глас.

Со целосно разбирање за финансиската импликација на гласачкиот модел во дијаспората, ОМД потсетува дека воедно дијаспората е и најголем инвеститор во Република Македонија со 1,5 милијарди евра годишно. Како би се намалила или анулирала финансиската импликација на гласачкиот модел во дијаспората, ОМД повеќекратно ја има елаборирано потребата од воведување на можност за електронско гласање, кое воедно е содржано и во последната Стратегија за Дијаспора.

Република Македонија има потреба од промени на начинот на гласање во дијаспората со цел логистичко поедноставување и финансиско олеснување, но не и од одземање на правото на глас на македонските иселеници, особено не во екот на претстојните претседателски избори – тврди ОМД.

Previous ОМД: Пописот е многу повеќе од обид за етничка доминација

UNITED, WE CAN!

United Macedonian Diaspora
800 Maine Avenue SW Suite 200 Washington, D.C. 20024

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

United Macedonian Diaspora © 2024. All Rights Reserved