ОМД го осудува предлогот за фискална автономија на општините со мнозинство албанци

ОМД го осудува предлогот на професорот Башким Селмани за креирање фискална автономија на македонските општини со мнозинство албанци. Селмани тврди дека албанците од Македонија им е оневозможен пристап до базични права, слободи и можности, и дека единствен начин да се отсртанат овие неправди е преку гарантирање финанскска автономија на македонските општини со мнозинство албанци.

Овој предлог е сериозна закана по уставниот поредок на Македонија, и доколку биде имплементиран, ќе ја наруши и онака кревката сувереност на Македонија. Фискална автонимија ќе значи независно функционирање на овие општини, што де факто би ги оневозможило државните институции да воспостават контрола врз локалните единици.

Предлогот на професорот Селмани е само уште еден од низата анти-македонски, анти-државнички предлози насочени кон уривање на унитарноста на Македонија и пристапување кон федерализација. Повикот за фискална автономија потсетува на неодамнешните искуства со имплементација на Тиранската платформа и заложничкото функционирање на владеачката коалиција кога станува збор за задоволување на националистичките барања на албанскиот политички блок.

ОМД ја повикува владата и претседателот да го осудат овој предлог. Централните и локаните државни органи треба да се фокусираат на рационални мерки за подобрување на локалната самоуправа, без притоа да поттикнуваат етнички поделби.

Previous ОМД и МКАА со протесно писмо до престижниот Њујорк Тајмс

UNITED, WE CAN!

United Macedonian Diaspora
800 Maine Avenue SW Suite 200 Washington, D.C. 20024

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

United Macedonian Diaspora © 2024. All Rights Reserved