ОМД Бара Оставка на Нимиц Поради Конфликт на Интереси

Обединета Македонска Дијаспора (ОМД) е крајно револтирана од непромената на ставот на Обединетите Нации и нивниот представник, медијаторот Нимиц во разговорите помеѓу Македонскиот и Грчкиот Амбасадор за Македонското име. Повеќе факти ја наведуваат ОМД на сомнеж за присуство на конфликт на интерес, како на пример: вработувањето на нова секретарка на Нимиц од грчко потекло, и многубројните лични донации во знак на поддршка на носителот на грчката група на пријатели, конгресменката Каролин Малони.

Со последниот обид, од 17ти Јануари 2018та година, за наводното решавање на спорот, Обединетите Нации и нивниот медијатор Нимиц продолжуваат да ја прекршуваат Привремената Спогодба од 1995 година и ја погазуваат Универзалната Декларација за човекови права, каде е вклучен принципот за самоопределување. 137 земји-членки на ОН, меѓу кои и 4 постојани членки на Советот за Безбедност на ОН, ја признават Македонија под нејзиното име, но ОН сеуште не го променува својот став и преку медијаторот Нимиц инсистира да Република Македонија продолжи со разговори за своето име.

Притоа потсетуваме дека 23 годишните разговори под покровителство на ОН, не донесоа никаков прогрес на Македонија, а воедно и не навредија нас Македонците, со живеалиште во и надвор од Македонија и поради тоа апелираме до Владата на Република Македонија веднаш да ги прекини разговорите и да поднесе резолуција до ОН со јасно барање да биде призната под Република Македонија, а не привремената референца.

ОМД го потсетува Нимиц дека Македонскиот народ во татковината, соседните држави на Македонија и во светот, најосто реагира на кршењето на Универзалната Декларација за човекови права, преку обидот за решавање на спорот за името, како и разговори околу промена на Македонскиот идентит и јазик, што е недозволиво и крајно навредливо.

Во прилог на горенаведеното, обврска на Нимиц, како медијатор на ОН, е да ја почитува пресудата на Меѓународниот суд за Правда од 2011 година која тврди дека Грција ја прекрши Привремената Спогодба со блокирањето на влезот на Македонија во НАТО и притоа бара негова оставка.

Поради тековните настани во Република Македонија, ОМД, заедно со другите македонските организации во светот, здружено застанаа под движењето #НиеСмеМакедонија кое никогаш нема да прифати кршење на нашето основно човеково право на самоопределување како македонци и активно ќе делува во сите држави да го промовира, а не уништи нашето Македонско име, јазик и култура.

Previous UMD Joins MHRMI #OurNameisMacedonia Campaign

UNITED, WE CAN!

United Macedonian Diaspora
800 Maine Avenue SW Suite 200 Washington, D.C. 20024

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

United Macedonian Diaspora © 2024. All Rights Reserved