Министерот за Европа на Обединетото Кралство одговори на прашањата за Македонија/НАТО

Минатата недела во Долниот Дом на Обединетото Кралство, Др. Лиам Фокс, член на парламентот на Северен Сомерсет во Велика Британија, постави три прашања за членството на Македонија во НАТО како и за напредокот во однос на решавањето на “спорот со името.” На 27 март, г-ин Давид Лидингтон, член на Парламентот за Алесбури и Министер за Европа на Обединетото Кралство даде одговор. Прашањата и одговорите се дадени подолу. Кликнете тука за директен линк на прашањата и одговорите.

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) искрено му се заблагодарува на Д. Фокс, кој служеше како Државен секретар за одбрана на Обединетото Кралство, што се залагаше Македонија да остане на агендата во пресрет на овогодинешниот НАТО самит кој ќе се одржи во Велика Британија во септември 2014 година. ОМД ги цени напорите на владата на Велика Британија да се вклучи со своите грчки и македонски колеги за конечно да ја донесат Македонија на масата во НАТО, каде што и заслужува да биде.

“НАТО има јасна одлука која треба да ја донесе овој септември, секое понатамошно одлагање на членството на Македонија во НАТО ќе има силно влијание врз јавната поддршка, која отсекогаш била во ранг од 80-90% и може да има влијанкие врз интер-етничките односи во земјата,” рече претседателот на ОМД, Методија А. Колоски. “Зошто треба Македонија постојано, со едногласна владина и собраниска поддршка да испраќа војници да го штитат шаторот на НАТО, а да не им се дозволи да спијат во него?”

“Политиката на ‘отворени врати’ на НАТО не смее и понатаму да биде загрозувана од страна на билатерални прашања како што е грчкиот спор за името на Македонија, која ја загрозува сигурноста и стабилноста на југоисточна Европа,” заклучи Колоски.

Др. Фокс: Да се праша Државниот секретар за надворешни работи и политичка заедница (1) како одлуката на Меѓународниот суд на правдата од 5 декември 2011 година во случајот кој се однесуваше на примената на Привремената спогодна од 13 спетември 1995 година (Поранешната југословенска Република Македонија и Грција) ќе влијае врз членството на Република Македонија за влез во Северно атланската безбедносна организација; [193391]

(2) која е политиката на неговиот сектор во однос на (a) Република Македонија и (b) Република Црна Гора да и се придружат на Северно атланската безбедносна организација на самиото во Веилс во 2014 година; [193392]

(3) кои разговори ги имал со неговиот грчки колега во однос на влезот на Република Македонија во Северно атланската безбедносна организација; [193393]

Г. Лидингтон: Обединетото Кралство силно ја поддржува одлуката која ја донесоа сојузниците на самитот во Букурешт во 2008 година дека Македонија ќе биде поканета да и се приклучи на Алијансата штом се постигне заедничко прифатливо решение за спорот со името со Грција во рамките на Обединетите Нации. Генералниот секретар на Северно атланската безбедносна организација (НАТО) беше јасен во изјавата на 5 декември 2011 година дека одлуката на Меѓународниот суд на правдата нема влијание врз оваа одлука, а на самитот во Чикаго во 2012 година сојузниците повторно ја покажаа својата посветеност кон Македонија дека ќе биде поканета да се приклучи на НАТО веднаш штом спорот со името се реши. Велика Британија продолжува силно да ги повикува двете страни да ги засилат своите напори во однос на решавањето на ова прашање.

Проширувањето на НАТО, вклучително и напредокот на Македонија кон членство во организацијата, редовно се дискутира на состаноците на министрите за надворешни работи на Северно атланскиот совет, последен пат во декември 2013 година во присуство на грчкиот заменик премиер и министер за надворешни работи, Евангелос Венизелос. Британскиот постојан заменик претставник за НАТО исто така ги охрабри двете страни и Македонија и Грција да најдат решение за спорот со името за време на состанокот на Северно аталнскиот совет со македонскиот премиер на 12 февруари. Премиерот, мојот пријател член на Витни (г. Камерон), Државниот секретар за надворешни работи и политичка заедница, мојот пријател членот на Ричмонд (Јоркс) (Г. Хаг) и јас лично повикуваме за напредок во однос на решавањето на проблемот со името на Македонија вонашите разговори со нашите грчки и македонски колеги.

Велика Британија го пофалува напредокот на Црна Гора во комплетирањето на Акцискиот план за членство во НАТО. Сепак, има уште работа, посебно во делот на поддршка за НАТО од јавноста, разузнавањето и реформи во одбраната, зајакнување на владеењето на правото и надминување на организираниот криминал и корупција. Велика Британија продолжува да ги поддржува напорите на Црна Гора, билатерално и преку НАТО.

Велика Британија силно ја поддржува политиката на ‘отворени врати’ на НАТО во однос на членувањето на било која Европска демократија која сака да и се приклучи на Алијансата и е во позиција да превземе задолженија и обврски за членство и да придонесе во безбедноста на Евро-атланската област. Поради тоа, покана за прием во НАТО ќе биде дадена само кога земјите аспирантки ги имаат завршено реформите кои се идентификувани како неопходни, а се побарани од нив да ги исполнат овие обврски.

Previous UK Minister of Europe Responds to Macedonia/NATO Questions

UNITED, WE CAN!

United Macedonian Diaspora
800 Maine Avenue SW Suite 200 Washington, D.C. 20024

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

United Macedonian Diaspora © 2024. All Rights Reserved