Време е! И Македонците се важни: Американски попис 2020

Обединета Македонска Дијаспора (ОМД) со големо задоволство објавува дека ќе биде национален партнер заедно со Американското биро за попис. Американското биро за попис ги поканува сите американски граѓани да се приклучат – се охрабрува секој да го пополни формуларот, приватните информации нема да бидат објавени или употребени против вас од никоја владина агенција или суд . Кога ќе го пополните формуларот вашите информации ќе останат приватни. Единствено ќе бидат употребени за да се направи статистичка проценка.

ОМД ја лансираше кампањата на социјалните медиуми “И Македонците се важни: Американски попис 2020“ со цел да ги охрабри луѓето да ја посетат веб страницата https://my2020census.gov и да напишат “Македонец/ка“ “MACEDONIAN” на прашањето 9.

Прирачник за пописот во 2020 година можете ОВДЕ да го симнете.

Се претпоставува дека во Америка живеат повеќе од 500,000 Американци со македонско потекло. Официјалните статистики ја немаат точната бројка. Тоа ни штети нас и на партнерството меѓу нашите две држави.

Оваа година, можеме да помогнеме со тоа што секој Американец со македонско потекло ќе го пополни прашањето 9 во американскиот пописен формулар кој започнува денес и ќе трае до 31 Јули, 2020.

Врската меѓу Америка и Македонија ќе се зацврсти доколку имаме по прецизен број прикажан преку улогата на македонските Американци во секое место, на сите страни во Америка. Прецизна бројка ќе им помогне на Македонците да бидат подобро застапувани на локално, државно и федерално ниво, вклучувајќи услуги од американските владини служби на македонски јазик.

Во пописот на Соединетите Американски Држави се вклучени сите. Резултатите од пописот се со цел Американци да се здобијат со конгресни претставници кој ќе помогнат во распределбата на 675$ билиони од федералните фондови кои секоја година се распределуваат за подршка на витални програми во државите и местата низ Америка. Овие фондови помагаат во формулирање на локалното здравство, станбени прашања, образование, транспорт, вработување и јавни закони.

Важен момент кој им дава моќ на македонското население во САД е точен број. Како и други етнички групи, Македонците во минатото не беа пребројани коректно што доведе до изгубено чувство за самопретставување во Американското општество. Преку приказ за растечко Македонско – Американско општество ќе се даде слика за зголемено влијание и признание во рамките на американското општество. Со точен број на Македонците во САД ќе се отворат вратите кон службите од јавниот, граѓанскиот и приватниот сектор кој се потпира на економски и социјални проценки. Затоа е многу важно македонските Американци да го пополнат формуларот за попис првенствено за нивна корист како и за корист во општеството.

Пополни го формуларот за попис и напиши Македонец/ка “MACEDONIAN” под прашањето 9 (сите информации се приватни и заштитени со закон, пополнувањето на пршалникот е многу кратко помалку од 10 минути: https://my2020census.gov

Особено е важно: да ги вклучите и децата во пописната бројка, помогнете им на постарите со пополнување на формуларот за попис.

Во текот на кампањата употребувајте hashtags:
#MacedoniansCount #2020Census #BeProudtobeMacedonian #ProudtobeMacedonian

Помогнете и на ОМД да допре до сите македонски Американци преку испраќање на оваа порака до сите што ги знаете, посебно до вашите локални македонски цркви и организации.

Вашата подршка ни значи многу, помогнете ни преку подршка и донации до ОМД. Кликнете ОВДЕ за да донирате.

Донациите за ОМД, 501(c)(3) непрофитна организација, можете да ги поднесете за таксен повраток.

Previous IT’S TIME! Macedonians Count: U.S. Census 2020

UNITED, WE CAN!

United Macedonian Diaspora
800 Maine Avenue SW Suite 200 Washington, D.C. 20024

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

United Macedonian Diaspora © 2024. All Rights Reserved