Претседателот на ОМД на Средба со Претседателот и Првата Дама на Република Македонија

На 26ти Март 2018 година, Претседателот на Обединета Македонска Дијаспора (ОМД), Методија А. Колоски, оствари средба со Претседателот на Република Македонија, д-р. Ѓорге Иванов, по повод актуелните политички, економски и општетвени случувања во земјата, како и средба со Првата Дама Г-ѓа Маја Иванова, по повод јакнење на капацитетите на Република Македонија во борбата за поголема грижа и еднаквост.

На средбата, Претседателот Иванов информираше дека во голема мера е исклучен од тековните разговори поврзани со името, како и за обидите за уставни промени и начинот на носење политики на актуелната владина коалиција. Како одоговор на тоа, Колоски во име на ОМД како непартиска, непрофитна и невладина одганизација на Македонците надвор од Македонија, изрази загриженост за демократските процеси во земјата, а воедно изрази поддршка и заложба кон напорите на Претседателот Иванов во насока на зачувување на македонското име, идентитет, јазик и унитарноста на државата. Уште од самото објавување на законот за јазици во 2017 година, ОМД изрази загриженост околу противуставноста на истиот, и побара од Претседателот да се воздржи од потпишување на указот за законот за јазици.

На средбата со Претседателот Иванов беа разговарани факторите и начините на влијанието на македонската дијаспора врз тековните политики на Република Македонија изразени преку 40 протести на глобалното движење “Ние Сме Македонија” со излезност на 150 илјади македонски иселеници на различни дестинации ширум светот, како и зголемување и интензивирање на начините и можностите за вклученост на дијаспората во меѓународната афирмација на Република Македонија. Во таа насока, претседателот на ОМД, Колоски ја искористи можноста да изрази загриженост за незадоволителната заинтересираност на владините субјекти на Македонија за ставот, активностите и успесите на македонците во дијаспората, кој што вооедно претставуваат Амбасадори на македонските вредности, култура и историја. Со цел да се подобри соработката помеѓу матичната земја и дијаспората, Претседателот Иванов повика на организирана вклученост и единство на претставниците на дијаспората, како и на нивно понатамошно и зголемено активно учество во политичкото, економското и општествено делување.

Покрај средбата со Претседателот Иванов, Колоски оствари средба и со Првата Дама на Република Македонија, Г-ѓа Маја Иванова, во која прилика се разговараше за возможна соработка во насока на јакнење на капацитетите на Република Македонија за поголема родова еднаквост, сорабоката со програмата на ОМД за жени лидери, грижа за деца со посебни потреби, како и поддршка при третманот кај жени дијагностицирани со заболувањето – канцер на дојка.

Previous ANNOUNCING 2nd 10 of UMD MACEDONIAN DIASPORA 40 UNDER 40 LIST

UNITED, WE CAN!

United Macedonian Diaspora
800 Maine Avenue SW Suite 200 Washington, D.C. 20024

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

United Macedonian Diaspora © 2024. All Rights Reserved