Обединетата македонска дијаспора (ОМД) топло му честита на нашиот драг пријател Ендру Д. Пејкоф, Постариот на неговото назначување за прв почесен конзул на Република Македонија во Калифорнија, со седиште во Онтарио, Калифорнија. Пејкоф е основач и претседавач на Нијагара Ботлинг, ДОО – најголемата приватна компанија за флаширана вода во западната хемисфера. 

“Јас сум горд Македонец од Калифорнија и сум длабоко почестен на довербата покажана од страна на македонската Влада со моето назначување за почесен конзул на Македонија во Калифорнија.  Ќе дадам се од себе во чест на сеќавањето на моите родители кои имигрираа од Егејска Македонија,” рече Пејкоф на отварањето на церемонијата.  “Сите македонски родители ги учат своите деца дека тајната до среќен живот се силните семејни вредности, силна работна етика и силна етика на штедење.  Што и да правиш, држи се до тоа. Зафати се, направи го тоа сам.  Не чекај.”

Официјалната церемонија за отварање на почесниот конзулат на Република Македонија беше одржан на 30-ти ноември 2012 година во Онтарио, Калифорнија. Присуствуваа Заменик-претседателот на Влада Владимир Пешевки, градоначалникот на Онтарио Пол Леон. градоначалникот на Муриета Рик Гибс, Алфонсо Алтамирано од кабинетот на претставникот на Калифорниското државно собрание Норман Џ. Торес, Ендру Пејкоф, Вториот (син на почесниот конзул и Претседател на Нијагра Ботлинг, ДОО), конзулите на Бугарија, Хрватска, Шри Ланка, Тајланд, Мексико, претставникот на ОМД за Лос Анџелес Димитар Насев, Поп Ристо како и претседателот Мите Ристовски на МПЦ Света Богородица од Виттиер, Калифорнија, членови на поширокото семејство Пејкови, како и пријатели на Нијагра Ботлинг, ДОО. 

“Владата на Премиерот Груевски го направи правиот избор со назначувањето на Енди. Тој е македонски Американец за пример, човек со големо знаење, мудрост, скромност и пример за наредните генерации,” напомена Методија А. Колоски, претседател на ОМД. 

“Успесите на Енди, на приватно и професионално ниво, говорат сами за себе и ние сме благодарни што тој ќе ја превземе улогата да ја промовира нашата татковина во Калифорнија, и да помогне да се зацврстат врските помеѓу САД и Македонија. ОМД, заедно со нашиот локален тим во Калифорнија, е спремна да му помогне на Енди во своите стремежи,” рече локалниот претставник на ОМД од Лос Анџелес, Димитар Насев на отварањето на церемонијата. 

 

Пејкоф е долгогодишен пријател и поддржувач на ОМД, и исто така служи на бордот на директори на Македонија 2025. 

Биографија на г. Пејкоф 

Нијагара Ботлинг, ДОО е најголемата приватна компанија за флаширана вода во западната хемисфера. Ендру Пејкоф, Постариот се преселил во Калифорнија да работи како млекар во 1961 година. Во 1963 година тој основал своја компанија за испорачување на високо квалитетна вода по ниска цена во 5 галонски контејнери до домовите и канцелариите на потрошувалите, притоа користејќи ја својата приватна гаража како магацин. 

Во 1967 година ја отворил својата прва фабрика за флаширање. Во 1988 година започнале со флаширање на 1 галонски шишиња, а во 1994 година отпочнуваат со изработка на полиетиленски шишиња. Во 1988 година, компанијата ја предводи технолошката индустрија во индустријата за флаширана вода. Компанијата продолжила да расте, се проширила на пазарот со неспоредлива комбинација на квалитет, цена и услуга со што ги придобила купувачите и на големо и на мало. Растот продолжува, па така што денес компанијата има дванаесет географско диверзитетни капацитети за производство кои што ја опслужуваат речиси секоја малопродажна компанија во САД. 

Речиси половина век подоцна, со производителен капацитет од над 20 милијарди шишиња вода секоја година, Нијагара е лидер во инсдустријата. Нијагара е добитник на ПЕТ наградата за технолошки иновации во 2009 година при што нивниот Еко3 дизајн на шише беше признат за најинвентивниот технолошки успев во ПЕт индустријата. Во 2012 година, Нијагара беше добитник на меѓународната награда за развој за “вгнездениот пакет”.