Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) успешно ја заврши турнејата UMD Tour Germany II. Од 2 до 8 ноември 2026 година поминавме над 1.100 километри и одржавме средби со македонската заедница во Bretten, Stuttgart, Dortmund, Bremen и Berlin.
Турнејата почна во Bretten, во партнерство со „Aleksandar Makedonski“ Kulturverein Karlsruhe e.V. Во Stuttgart се сретнавме со Македонците од Баден-Виртемберг, а во Dortmund домаќин беше Македонската православна црква „Св. Кирил и Методиј“. Во Bremen разговаравме со професори од универзитетот и со македонски студенти, кои ни потврдија колку е потребна македонска мрежа на северот. Во Berlin турнејата заврши со средба на која присуствуваа Амбасадата на Македонија, Македонскиот централен совет, Македонскиот бизнис клуб и Клубот на жени.
Секаде нè пречекаа професионалци, научници, претприемачи, студенти и семејства, луѓе кои изградиле успешни животи во Германија, а сè уште ја носат Македонија во срцето. Тоа е најголемата сила на нашата дијаспора.
На средбите ОМД ги претстави своите програми, платформата M-Link и плановите за ОМД Германија, мрежа што ќе ги поврзе Македонците низ цела Германија.
„Пет града, илјада километри и една заедница. Ви благодариме на секој што дојде“, порача тимот на ОМД.

Сите што не можеа да присуствуваат нека се пријават на gjordanov@umdiaspora.org. Наскоро ќе организираме онлајн средба за сите што сакаат да се вклучат.
Обединети, можеме!