Од 3 до 5 февруари 2025 година, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) оствари конструктивни состаноци со претставници од Стејт департментот на САД и канцелариите на Американските Конгресмени и Сенатори. ОМД, исто така, присуствуваше на тркалезната маса за Меѓународните Верски Слобода (ИРФ) во Конгресот, потврдувајќи ја својата посветеност на унапредување на верските слободи низ светот како дел од оваа мултиверска коалиција.
Во составот на ова застапничко патување беа членовите на Бордот на ОМД, Даниел Гарен и Филип Јотевски, како и Вишиот Офицер за Глобална Политика и Застапување на ОМД, Емили Абрамчик, и Практикантот за Меѓународна Политика и Дипломатија, Џесиел Круз-Кордеро.
За време на оваа тридневна операција, ОМД оствари средби и разговарање со претставници на канцелариите на копретседателите на Пратеничката Група за пријателство со Македонија, Конгресмените Клаудија Тени (R-NY-24), Деби Дингел (D-MI-6), Лиза Меклејн (R-MI-9) и Брендан Бојл (D-PA-2). Покрај копретседавачите, ОМД успеа да воспостави контакти и со канцелариите на Конгресмените Џон Џејмс (R-MI-10), Френк Мрван (D-IN-1), Том Барет (R-MI-7), Нели Поу (D-NJ-9), Роб Бреснахан (R-PA-8), Елеонор Холмс (D-DC), Роберт Б. Адерхолт (R-AL-4), сенаторот Бил Хагерти (R-TN), Хуан Цискомани (R-AZ-6) и Јасамин Ансари (D-AZ-3).
Во рамките на оваа операција, ОМД имаше можност да го продолжи дијалогот со Претставникот на Стејт Департментот за Македонија. Дополнително, ОМД воспостави нови контакти со официјални лица од Бирото за Демократија, Човекови Права и Труд, за да разговара за состојбата на македонските малцинства во Бугарија и Грција и Албанија.
Клучните теми на состаноците на ОМД беа лобирање за Договор за Двојно Оданочување меѓу САД и Македонија, иницијатива за вклучување на Македонците во Програмата за Безвизен Режим, Охрабрување на членовите на Конгресот да се приклучат на групата за пријателство со Македонија и повик за официјално прогласување на Септември како месец на Македонско-Американското наследство. ОМД ги истакна стратешките аспекти на Македонија на Балканот, нагласувајќи дека Македонија е значаен придонесувач во НАТО, издвојувајќи 2,2% од својот БДП за одбраната на алијансата.
Човековите Права на Македонците и Верските Слободи беа во фокусот на овие средби. ОМД ги посочи тековните предизвици со верската слобода, особено случајот на Архимандритот Никодим Царкњас, македонски православен свештеник кој беше разрешен од Грчката православна црква поради неговите напори да одржува верски служби на македонски јазик за македонското малцинство во Грција.
Размислувајќи за овие иницијативи, Даниел Гарен, најновиот член на Бордот на ОМД, ги сподели своите впечатоци, изјавувајќи: „Ми беше чест да помогнам во водењето на овие лоби средби на ОМД во Вашингтон. Иако не сум Македонец, мојата сопруга е, па затоа детално сум запознаен со прашањата што ја засегаат Македонија. Ги ценам придонесите на Македонија и македонската заедница и сметам дека работата на ОМД за зајакнување на односите меѓу САД и Македонија е од исклучително значење.“
ОМД останува посветена на застапување за подобра иднина, градење посилни врски меѓу САД и Македонија и поддршка на македонската заедница во потрагата по поголеми можности и признавање.