На 27 јуни 2025 година, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го отпочнаа деветтото издание на проектот „Родум од Македонија“. Оваа година, шест студенти од САД, Канада и Кралството Данска започнаа тринеделен студиски и културен престој во Македонија.
Емили Абрамзик, Мара Куне, Лила Ноневски, Изабела Атанасовска, Софија Ларсен и Кирил Гаџовски ќе реализираат пракса усогласена со нивните академски цели, кариерни интереси или лична мотивација. Тие ќе бидат ангажирани во компании и институции како Алкалоид АД Скопје, ЕВН, Адвокатската канцеларија Бошњаковски и Грозданов, Диамонд Резиденс и ОМД. Во рамките на програмата, секоја среда е резервирана за „тематски средби“, при што студентите ќе посетуваат културни установи, ќе имаат средба со Претседателката на Македонија, ќе го посетат Собранието, и ќе се сретнат со претставници од бизнис-секторот и меѓународната заедница. За време на викендите се предвидени посети на Охрид, Битола и присуство на традиционалната Галичка свадба.
Настанот по повод отворањето на програмата се одржа во кафе-барот Амона, на кој изразуваме искрена благодарност за прекрасната атмосфера. На настанот присуствуваа сите учесници и дел од нивните ментори.
„Родум од Македонија“ започна во 2015 година и се реализираше континуирано до 2019 година. Поради пандемијата со КОВИД-19, програмата беше во мирување две години, а повторно беше активирана во 2022 година. Дел од претходните учесници го опишаа искуството како „неверојатно“ и „животна пресвртница“, особено за оние од трета генерација кои за првпат ја посетија татковината на нивните предци.
Основната цел на „Родум од Македонија“ е да им овозможи на младите Македонци родени и израснати надвор од земјата да се поврзат со своето културно наследство, да изградат трајни пријателства и да воспостават силни врски со нивните врсници во Македонија. Ваквите иницијативи исто така придонесуваат за градење доверба и унапредување на соработката помеѓу државата и македонската дијаспора.