Почитувани донатори,
Во име на Бордот на Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД), ја упатуваме нашата огромна благодарност за вашата неизмерна дарежливост и сочувство по неодамнешната трагедија во Кочани, Македонија.
Ноќта на 16 март 2025 година, разорен пожар избувна во дискотеката Пулс во Кочани, одземајќи ги животите на 62 лица (59 во клубот, уште 3 потоа), пкако и над 150 повредени и ја потресоа македонската заедница насекаде во светот во целост. Во еден потресен пресврт, дури и херојскиот чин на возачот на брзата помош – кој направи 11 патувања во еден ден за да ги пренесе жртвите во болниците во Скопје – трагично го загуби животот поради исцрпеност. Цели семејства се засекогаш променети од оваа катастрофа.
Набргу потоа, глобалниот секретар и член на Бордот на ОМД со седиште во САД, д-р Кристина Бундра, претседавачот на ОМД Шведска Мирјана Наумоска и директорот на ОМД за Македонија и Европа Гордан Јорданов, отпатуваа во Кочани за да се сретнат со локалните тимови за поддршка и да ги проценат најитните потреби на настраданите фамилии. Нашата прва посета беше на извонредната иницијатива “Поддршка на Кочани” (SupportKocani), група предводена од волонтери која создаде алатка за онлајн мапирање за следење и координирање на поддршката за повредените и семејствата на изгубените, вклучително и оние кои живеат надвор од Македонија. Се сретнавме и со директорот на Општата болница Кочани, кој ги сподели критичните медицински потреби на установата.

По завршувањето на нашата првична кампања за собирање средства, ОМД ги префрли собраните средства на нашата регистрирана добротворна организација во Македонија, која потоа соработуваше со “Поддршка за Кочани” за дистрибуција на финансиска помош директно до погодените семејства.
И покрај предизвиците со кои се соочивме при добивањето официјални информации – бидејќи на Црвениот крст и на полицијата не им беше дозволено да споделуваат банкарски податоци за погодените семејства – ОМД работеше неуморно за да обезбеди секое семејство што доброволно се обрати на платформата за поддршка на Кочани да ја добие потребната помош. Овие донации се директен одраз на нашата непоколеблива посветеност да им помогнеме на нашите луѓе кога им требаме најмногу.
Вкупно, 43 семејства кои изгубија најблиски и ги дадоа своите информации на “Поддршка на Кочани” добија по 745 USD (41.550 МКД) или 32.800 USD (1.786.781 МКД). Дополнителни 2.200 USD беа искористени за набавка на основна медицинска опрема за Кочанската болница.
“Поддржка за Кочани” е онлајн кампања и волонтерска мрежа која обединува физички лица, организации и правни лица кои директно придонесуваат за семејствата на загинатите и повредените од пожарот во дискотеката Пулс. Преку проверени сметки и координирана достапност, платформата гарантира дека помошта ќе стигне до оние на кои им е најпотребна, транспарентно и ефикасно.
Без разлика дали сте донирале или сте се солидаризирале со Кочани, вашето сочувство ја покажува извонредната сила и единство на нашата глобална македонска заедница. Ние сме инспирирани од вашиот брз одговор во овие тешки ситуации и длабоко благодарни за вашата доверба.
Транспарентноста и одговорноста за заедницата остануваат во центарот на мисијата на ОМД. Донираните средства одат директно за фамилиите на починатите, а нашите напори не се завршени – продолжуваме да собираме средства, вклучително и од корпоративни партнери, за да обезбедиме постојана поддршка за Кочани и да бидеме подготвени за идни итни случаи.
Ако сакате да му помогнете на ОМД да остане силна, агилна и влијателна во време на криза но и унапредување на македонската заедница ширум светот, донирајте денес.
Со искрена благодарност,
Бордот на ОМД