Обединета Македонска Дијаспора (ОМД) и оваа година традиционално приреди незаборавна вечер на 19-тиот Годишен Македонски Бал под Маски по повод Старата Нова Година, Василица, на 18 јануари 2025 година, во Вашингтон, САД. Македонската амбасада беше исполнетa со над 100 гости кои уживаа во магична вечер исполнета со безвременски македонски традиции. Настанот ги обедини припадниците на македонската заедница во духот на културата, кујната и музиката.
Гостите се појавија во најубавите свечени облеки и елегантни маски, кои внесоа мистериозност и гламур. Македонската музика на ДJ Фичо ја раздвижи публиката, додека посетителите со изведување традиционалните игри и ора го пленија вниманието на сите. „Вечерта беше вистински доказ за единството, страста и радоста што ја дефинираат нашата заедница,“ изјави Благајничката и Член на Бордот на ОМД, Катерина Трајкова. „Навистина е охрабрувачки да се видат луѓе од различни потекла обединети во прославата на македонското наследство.“
Кулинарското искуство беше значителен дел на вечерта. Balkan Grill ги воодушеви гостите со богато македонско мени кое ги однесе присутните директно во Македонија. За љубителите на слатки, Eternatea Coffee & Grocery понуди вкусни пецива, додека Balkan Grill ги заслади гостите со баклава. За совршено надополнување на храната, се служеа врвни македонски вина и ракија од винаријата Dalvina.
Настанот вклучи и значајни истакнати личности кои ја нагласија важноста на вечерта. ОМД имаше чест да го има амбасадорот Зоран Попов и секретарот на државата Индијана, Диего Моралес, заедно со обраќања од Катарина Трајкова, Методија А. Колоски, и Претседавачот на Бордот на ОМД, Арџи Н. Белио.
Амбасадорот Попов ја истакна 20-годишнината на ОМД и нејзината улога како водечки глас на македонската дијаспора. Тој изрази благодарност за залагањата на ОМД и ја нагласи цврстата американско-македонска соработка. „Цврсто верувам дека САД е наш главен или број еден поддржувач и стратешки партнер… Сè што постигнавме во нашите 30 години независност, беше со цврстата поддршка на САД,“ изјави амбасадорот Попов.
Секретарот на државата Индијана, Диего Моралес, ја истакна важноста на отворањето можности за имигрантските заедници. „Посветен сум на отворање врати и создавање патишта за имигрантската заедница — без разлика дали се од Македонија, Европа, Латинска Америка или Азија. Во Америка е можно да ги остварите вашите соништа ако сте подготвени да работите напорно и да се жртвувате,“ изјави тој. Моралес исто така изрази восхит кон Македонија, додавајќи: „Индијана е пријател на Македонија. Индијана ја сака Македонија. Имате пријател во Индијана и во канцеларијата на секретарот на државата.“

Еден од најзначајните моменти на вечерта беше кршењето на церемонијалната погача со скриено паре, симболизирајќи среќа за годината која претстои. Овогодинепниот среќен добитник на паричката ја беше Силвија Стољевска.
ОМД упатува искрена благодарност до неговата екселенција амбасадорот Зоран Попов и персоналот на Македонската амбасада за нивната традиционална гостопримливост. ОМД исто така изразува благодарност за дарежливоста на спонзорите и донаторите, без кои овие настани не би можеле да се организираат. Посебна благодарност до Сашка Димитриевска, Даниел Гарен, Стојан и Душанка Трајкови (претседатели на Балот), Анжелика Мусколино, Вера Злидар (домаќини на Балот), Македонски Вина и Душа, Амбар Шо и La Grande Boucherie.
Зад сцената, успехот на настанот беше доказ за неуморните напори на организацискиот комитет, предводен од Катарина Трајкова и Емили Абрамчик. ОМД исто така ги истакнува и напорите на Ема и Арон Браун, Тамара Јосифовиќ, Филип Јотевски, Бојан Новевски, Марко Маневски, Аријана Кавазовиќ, Милка Трајкова и Маркус Кларк за нивната посветеност, која го издигна настанот на ново ниво.
19-тиот Годишен Македонски Маскенбал, Василица, не беше само прослава, туку и моќна потврда на посветеноста на ОМД кон зачувување и славење на македонската култура. Вечерта беше прекрасно потсетување за значењето на заедницата, традицијата и создавањето трајни спомени заедно.
За фотографии од настанот, кликнете тука, благодарение на Бенџамин Ценкер