Денес, на годишнината од Денот на човековите права, Обединета Македонска Дијаспора (ОМД) го одбележува трајното наследство на Универзалната декларација за човекови права (УДЧП) — проглас што ја потврдува вродената достоинственост, слободата и еднаквоста на секое човечко суштество. Додека го одбележуваме овој значаен документ, ОМД ја повторува својата непоколеблива посветеност за застапување на основните права на Македонците каде и да живеат.
НО, ШТО СО МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА, БУГАРИЈА И ГРЦИЈА?
И покрај водечките принципи на УДЧП, Македонските малцинства во Албанија, Бугарија и Грција продолжуваат да се соочуваат со системска дискриминација, културна репресија и негирање на основни права.
Во Албанија, Македонците сè уште се борат за целосно признавање, пристап до образование на мајчин јазик надвор од регионот Мала Преспа и еднаква застапеност во јавниот живот. Неправилностите при пописите и политичкиот притисок доведуваат до хронично потценување на бројноста на македонското население, ограничувајќи ја нивната можност да ги остваруваат загарантираните малцински права.
Во Бугарија, Македонците се соочуваат со постојано одбивање од страна на државата да го признае нивното постоење како етничко малцинство. Активистите и општествените лидери трпат заплашување, правни притисоци и пречки за слободно здружување, вклучувајќи ја и континуираната опструкција на македонските културни организации.
Во Грција, автохтоната македонска заедница во Беломорска Македонија и понатаму е лишена од своите културни и јазични права. Организациите што го промовираат македонскиот јазик се соочуваат со пречки при регистрација, а поединци кои јавно го истакнуваат својот македонски идентитет често доживуваат социјална и институционална дискриминација.
На овој Ден на човековите права, се потсетуваме дека борбата за правда и еднаквост е далеку од завршена. ОМД нема да престане да работи сè додека Македонците во секој дел од Албанија, Бугарија и Грција не можат слободно да ги уживаат правата и заштитата гарантирани со Универзалната декларација за човекови права.
За да ги поддржите напорите на ОМД за унапредување на заштитата на човековите права на Македонците, ве охрабруваме да застанете со нас. Донирајте денес, месечно или еднократно и приклучете се кон движењето за заштита и зајакнување на македонските гласови насекаде.
Support UMD’s Fund to Advance Macedonian Human Rights Protections: