Site icon United Macedonian Diaspora

ОМД го презентира статусот на македонскиот јазик во Грција на влијателна Европска конференција

Претставникот на Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) за Грција, Евгенија Нацилиду која исто така е и една од основачите на едукативниото и културно движење на Воден, го презенираше статусот на македонскиот јазик во Грција за време на Генералното собрание на мрежата за унапредување на јазичната разновидност во Европа, кој се оддржа во Корзика (Франција) на 4ти октомври 2012 година.

 

Како прв чекор кон целосно учество  во управните  состаноци и во генералното собрание на мрежата следната година, едукативното и културно движење на Воден предводено од Нацилиду беше избрано за придружна членка на мрежатаОваа мрежа на јазици во Европската Унија преставува пан-европска мрежа, која опфаќа уставни, регионални и помали јазици, и има за цел да  ја промовира јазичната различност во контекст на повеќејазична Европа. Исто така, веруваат и дека понатамошната соработка помеѓу официјалните тела кои ја промовираат употребата на јазиците на малцинствата е од витално значење за развојот и за опстанокот на овие јазици. 


 “
Околу 50 милиони граѓани на ЕУ зборуваат регионален јазик, но почитувањето на тие јазици варира.  Во споредба со јазичните права на каталонскиот јазик,  корзиканскиот или велшкиот јазик во Шпанија, Франција и Велика Британија, статусот на македонскиот јазик во Грција е навистина трагичен.  Преку координирање на нашите напори со ОМД, ние испраќаме силна порака до Атина дека времето на Метаксас е одамна поминато, и ние, Македонците од Егејска Македонија, бараме нашите човекови права и нашето културно наследство да се почитува,” вели Нацилиду. 

 

Друга важна придобивка од изборот на Воденското движење за придружна члекна на оваа престижна мрежа, е тоа што младите ќе бидат во можност да учествуваат во културни семинари и фестивали низ цела Европа.  Со тоа ќе се зголеми и промовирањето и зачувувањето на нашата македонска култура, и ќе им отвори врати за активизам на помладата генерација да се борат за нивните човековите права во Егејска Македонија. 

 

Културното угнетување на македонското население во Егејска Македонија е меѓународен срам за Грција и во Европската унија, а тоа е и коренот на непријателството на Грција кон Република Македонија.  Активизмот од страна на ОМД овој месец во Корзика преставува витален чекор кон изложување на нелегалните и неморалните третмани од страна на грчката влада врз своите граѓани, па се до највисоките нивоа на власт во Брисел.  Наша намера е светот конечно да дознае за статусот на македонскиот јазик во Грција,” вели директорот за Канада на ОМД Џим Даикос.

 

Exit mobile version