United Macedonian Diaspora

ОМД ја одбележува 100-годишнината од Првата Балканска Војна

Денес, Обединетата македонска дијаспора (ОМД) и сите Македонци ширум светот јакомеморираат 100-годишнината од почетокот на Првата Балканска Војна (8 октомври 1912), која воедно го означува и почетокот на кампањата за масовно етничко чистење на Македонците од страна на владите на Грција, Бугарија и Србија.

 

Војната доведе до неправедна поделба на етничка и географска Македонија и му предизвика огромно страдање на македонскиот народ. Многуминасе најдоапрогонети во други делови на Балканот, Европа, Австралија и во светот.  ОМД им оддава почит на споменот на сите жртви од Првата Балканска Војна, а воедно и ги повикува сите Македонци да продолжат со борбата за обезбедување на граѓанските и човековите правана сите Македонци во светот, особено во Албанија, Бугарија, Грција, Косово и Србија.

 

“Ги повикуваме денешните Македонци да гледаат напред кон иднината но никогаш да не ги заборават неправдите извршени врз нашиот народ во текот на овој трагичен период од нашата историја”, вели претседателот на ОМД Методија А. Колоски. “Време е да ставиме крај на двојните стандарди својствени за многу историски случки и да ја едуцираме јавноста за она што им се случи на Македонците за време, но и по завршувањето, на Балканските Војни заклучно со потпишувањето на Букурешкиот договорво 1913 година.”

 

Балканските војни завршија со потпишувањето на Букурешкиот договор во 1913, со којшто Македонија беше поделена на три делови: Егејска Македонија беше анексирана од страна на Грција, Пиринска Македонија од Бугарија а делот на современа, независна Република Македонија беше анексиран од Србија.  Исто така, помали територии како што се Голо Брдо и Мала Преспа беа анексирани од страна на Албанија. Денес, Македонците кои живеат во нивните историски татковини во Грција, Бугарија, и Албанија подложат на различни видови на угнетување и злоупотреба од страна на нивните држави. 

 

Наредните неколку месеци се од особена важност бидејќи се означуваат 100-годишнините од Втората балканска војна (16 јуни 2013) и потпишувањето на Букурешкиот договор (10 август 2013).  Со таа цел, ОМД ќе преземе проекти со кои ќе се нагласи Македонската борба во изминатиот век вклучувајќи ги и напорите на Македонија и на македонскиот народ да одлучуваат за сопствената судбинаИсто така, ОМД ќе организира конференција на која ќе се разгледаат импликациите на договорот врз домашната и регионалната политика.

 

ОМД силно верува дека владите на Бугарија и Грција мораат час поскоро да се помират и да ги признаат злосторствата извршени во минатото врз македонскиот народ за време како и по завршувањето на Балканските војни.  Таквото признавање би придонело за помирување во регионот. 

 

Exit mobile version