Site icon United Macedonian Diaspora

ОМД: Потребен е притисок од меѓународната заедница за да се осигураат верските права и слободи во Грција

Во пресрет на Меѓународниот ден на верски слободи, Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ја повикува меѓународната заедница најстрого да ги осуди негирањата на основните верски права и слободи за сите грчки граѓани од страна на грчката влада. 

 

На 27ми октомври светот забележува дека: “…секој има право на слобода на мислење, свест и вера…слобода да ја промени својата религија или убедување, и слобода да сам или во заедница со други, приватно или јавно, да ја манифестира нејзината/неговата религија, или убедување, преку подучување, практикување, одржување служби или обреди.” Ова право експлицитно е наведено во членот 18 од Меѓународната декларација за човекови права. 

 

Грција е единствената земја-членка на Европската унија во која не постои вистинска поделба помеѓу црквата и државата. Грчката Православна Црква е државно-спонзорирано претпријатие, а свештениците се номинално сметани како јавни службеници.  Но, во практика всушност тие дејствуваат како политички инструменти за државна опресија.

 

Дури и пред анексирањето на македонска територија од страна на Грција во 1913 година, Грчката Православна Црква активно го потпомагала сузбивањето на сите етнички и верски малцинства во земјата, особено на македонската заедница во Егејска Македонија.  Еден добро познат тековен пример за оваа нејзина политичка функција се и радикалните проповеди на метрополитот Антимос од Солун кои редовно се емитуваат на националната телевизија.  Покрај останатите коментари на омраза, тука спаѓа и неговиот јавен повик за уништување на македонска радио станица (Ве молиме, проследете ја информацијата овде: https://umdiaspora.org/index.php/en/civil-rights-contents/410-umd-calls-for-greek-metropolitans-excommunication). 

 

Иако грчкиот устав предвидува верска разноликост, државата во практика не им ги гарантира тие права на своите граѓани.  Сите нови верски организации подлежат на државна регистрација како би добиле легален статус, а потребна им е и согласнот од претставник на Грчката Православна Црква. Овој процес е осмислен така што гарантира дека таква регистрација нема никогаш да се случи. 

 

Грчката Влада официјално го негира постоењето на бројното македонско малцинство, па така македонските верски лидери како архимандритот Никодим Царњас се тепани и апсени од страна на државните органи.  Македонската Православна Црква на архимандритот Царкњас, Св. Злата Мегленска во Аридеа (С’ботско), се соочува со малтретирање од најразлични форми. 

 

Понатаму, дологодишното турско малцинство во Тракија (и останатите бројни заедници од муслиманска вероисповед на територијата на Грција) трпат сериозни повреди на нивните човекови права. Имигрантите, пак, кои не се од христијанска веросповед се честа мета на нападите на грчките нео-Нацистички групи како Хриси Авги (“Златна зора”), група која е и целосно призната политичка партија во Грција со цели 18 претставници во Парламент. Грчката полиција ја има абдицирано својата должност да ги заштитува верските малцинства, што воедно се должи на фактот дека многу полициски службеници се и членови на Златна зора. 

 

ОМД ја повикува меѓународната заедница, Обединетите нации, Европската унија и останати организации како што се Амнести интернашенел и Хјуман рајтс вочнајостро да ја осуди долгогодинешната политика на Грција нанегирање верски слободи со што воедно и ги прекршува меѓународните договори за заштита на човековите права кои земјата ги има потпишано пред речиси 60 години. 

 

Активностите на ОМД во месец октомври се фокусирани на осврнување на јавното внимание кон прекршувањата на човековите слободи и права на македонското малцинство во Грција од страна на државните органи. Затоа, на 23ти октомври во Вашингтон, ОМД ќе биде домаќин на настанот со тема: “Растот на екстремизмот во Грција и неговото влијание врз малцинствата”. На 27ми октомври, пак, канадскиот огранок на ОМД ќе биде домаќин на годишната Гала во Торонто на која ќе гостуваат архимандритот Никодим Царкњас и регионалниот претставник на ОМД во Грција Евгенија Нацулиду.

 

Exit mobile version