United Macedonian Diaspora

ОМД од Ал Џезира бара корекција на зборот “словенски”

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) денес испрати писмо до Ал Џезира каде повикува на повлекување на нивната статија “Македонија-река од поделби,” поради употребата на зборот “словенски” како опис на сите македонци. Кликнете ТУКА за да ја прочитате статијата. 

 

Писмото следува подолу:

 

Почитуван уреднику на Ал Џазира:

 

Во име на Обединетата македонска дијаспора (ОМД), Ви го пишувам ова писмо како реакција на Вашиот документарец “Македонија-река од поделби,” објавен на 31 октомври 2012 година. ОМД е загрижена за лошиот квалитет на овој документарец и придружната статија. Разочарувачки е што Ал Џазера ги прескокнала сите новинарски процедури како што се  лекторика, проверка на фактите, и дрско заборавила на објективноста. 

 

Вашата статија за документарецот негативно ја преставува Македонија, притоа презентирајќи ги прерасудите на албанските национални ставови.  Широките генерелизации за Македонија само ги преувелечуваат проблемите.  Напротив, богатата историја на соработка помеѓу Македонците и етничките малцинства во државата целосно е игнорирана.

 

Цитатите од етничките Албанци во документарецот даваат погрешна престава за државата, додека пак употребен е само еден цитат од Македонец, кој е сосем не типичен за македонската заедница.  Отсуството на главните македонски гледишта служи само како доказ на теориите на заговор за тоа која е и од каде потекнува македонската нација.

 

Документарецот несовесно меша два сосема различни концепти- етничка припадност и религија, и со тоа јансо ги фаворизира гледиштата на по радикалните муслимански елементи на албанската заедница.  Умерените албански гледишта се игнорирани како и гледиштата на другите муслимански заедници како тие на Турците, Ромите, и на македонските муслимани. Понатаму, документарецот е застарен, снимен пред најмалку две до три години, и нуди лажни или погрешно протолкувани информации.  Општо, јасно е дека филмот е насочен против македонското мнозинство во државата.

 

Понатаму, ние бараме повлекување на терминот словенскиво реченицата “мнозинството кое зборува словеснки јазик,” бидејќи е неточен и навредлив. Мнозинството во Република Македонија е македонско, а нивниот јазик е македонски.  Со ова, уредниците на Ал Џезера пробуваат да ги де-национализираат Македонците и да го негираат нивниот идентитет.  Ова е нечесно, и го загрозува меѓународниот углед на АЛ Џезера како медиумска организација.

 

Се надеваме дека сериозно ќе ги разгледате овие проблеми, и ќе дејствувате соодветно за да се поправат овие грешки.

 

Со почит,

 

Методија А. Колоски

Претседател 

 

Exit mobile version