Site icon United Macedonian Diaspora

Управен Одбор

 


Стојан Николов
– Претседател на Одборот на директори на ОМД – Стојан Николов
Претседател на Одборот на директори на ОМД

Стојан Николов е роден во Струмица. Во Соединетите Американски Држави дошол како студент на размена за време на средното училиште. Тој е оженет и има две деца. Николов додипломските студии по бизнис администрација ги има завршено на Техничкиот Универзитет во Луизијана, а постдипломските студии ги студирал во смерот по финансии. Исто така, тој е сертифициран специјалист за привилегии на вработените и има сертификат од Сигма 6. Во моментот, тој работи во својство на проект менаџер / консултант во организација која ги надгледува барањата за електрична енергија во Нова Англија, САД. Во минатото, работел како бизнис и финансиски аналитичар и проектен менаџер во Ејч Ар Консалтинг како и во маркетинг и медиа индустриите.

Николов во ОМД има предводено повеќе проекти и иницијативи. Од 2008 година, Николов служи како директор за развој на кварталното и премиерното списание на ОМД – ОМД Глас. Николов исто така ја предводи и програмата на ОМД за развој и поттикнување на „М“ генерацијата составена од млади македонски лидери. Николов верува дека само обединети, со напорна работа и соработка Македонците во светот можат да напредуваат и да ги исправат неправдите од минатото. За остварување на оваа цел, во последните неколку години, Николов посветил голем дел од неговото време и енергија за работата и успесите на на ОМД.


Методија А. Колоски
– Претседател – Методија А. Колоски
– Претседател –

Методија А. Колоски е ко-основач и Претседател на Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) со седиште во Вашингтон. Колоски е експерт за правото на Македонија на сопственото име, малцинските права во Југоисточна Европа, прашањата поврзани со проширувањето на НАТО и на Европската унија. Тој има објавено повеќе статии на овие теми во Вашингтон Тајмс, Асоцијацијата за надворешна политика, Хил – блогот на Конгресот, Национал Пост, Журнал Газет и во Форумот за надворешни односи. Редовно го цитираат во македонски и во странските медиуми на теми поврзани со Македонија и со дијаспората. Во претходните ангажмани, тој работел во Асоцијацијата за надворешна политика, Националното здружение за мултисклероза, Меѓународниот центар на интелектуалци ’’Вудроу Вилсон’’ и ДЛА Пајпер ЛЛП. Своите додипломски студии по Политички науки и меѓународни односи ги има завршено на колеџот Менхетенвил. Семејството на Колоски емигрирало во САД во раните 50-ти години од минатиот век поради антидемократските политики на комунистичка Југославија. Колоски е роден и пораснал во Гарфилд, Њу Џерси. Неговото семејство има корени од Република Македонија, Егејска Македонија и Корча, Албанија.


Александар Митрески
– Потпретседател – Александар Митрески
Потпретседател и Претседавач на Советодавниот совет на ОМД

Александар Митрески е роден во Скопје и како млад човек емигрирал во САД за да го доврши образованието по Електротехника на техничкиот Универзитет во Луизијана. Своите постдипломски студии во смерот бизнис и администрација ги има завршено на Универзитетот во Арканзас, во Литл Рок. Со своето десетгодишно искуство во електроиндустријата зад себе, тој во моментот работи за Компанијата за снабдување со електрична енергија на Нова Англија каде ги формира регионалните пазари на електрична енергија. На пат кон Македонија за време на летните распусти од студиите, Митрески ја сретнал својата сопруга Јасмина со која има две деца.

Како еден од ко-основачите на ОМД, Митрески уште од почетокот волонтирал во напорите за основање на организација која би ги обединила Македонците ширум светот. Тој беше првиот претседавач на Одборот на директори а во моментов е Потпретседавач на организацијата. Митрески истовремено е и Претседавач на Советодавниот совет.

 


Џорџ Питерс
– Секретар – Џорџ Питерс
– Секретар –

Џорџ Петерс е горд американски Македонец од Детроит. Неговот семејство потекнува од Леринско во Егејска Македонија и од југозападниот регион на Република Македонија. Питерс своите додипломски студии го завршил на државниот универзитет Вејн, а своите правни постидпломски студии на Правниот факултет на Универзитетот во Мичиген. Се занимава со право од 1988-та година а во моментот работи како постар советник во Крајслер групацијата во Албурн Хил, Мичиген. Пред неговата сегашна позиција во Крајслер, имал позиции во правните оддели на ’’Овенс Каминг’’, ’’Волт Дизни’’ и компанијата ’’Комшеа инкорперејтид’’. Исто така предавал додипломски предмети по деловно право и економија на Колеџот за бизнис во Детроит. Во своето слободно време, Џорџ е голем поддржувач на црквата ’’Свети Климент Охридски’’ во Дирборн, Мичиген и е член на одборот на директори на Обединетите македонски Американци од Детроит.


Ордан Андреевски
– Директор за операциите во Австралија – Ордан Андреевски
Директор за операциите во Австралија

Ордан Андреевски е Директор за австралискиот огранок на Обединетата Македонска Дијаспора и Директор за маркетинг и потрошувачки решенија на ’’Ал клеар интернешнл’’. Во последниве 20 години работел во некои од водечките универзитети и истражувачки центри во Австралија. Тој советувал големи и комплексни организации за стратегии за интернационализација, истражувања за добивки, односи со акционерите, одржливост и брза приватизација на интелектуалниот имот.

Тој е еден од најпочитуваните активисти во македонската заедница во Австралија. Андреевски во повеќе наврати има изготвувано брифинзи за надворешната политика и сугестии за Австралискиот Парламент како да се подобри ефективноста на Австралиската програма за помош, мултикултура и вклученост во општеството и како да се постигнат иновации и зголеми ефективноста од австралиските дипломатски претставништва.

Тој е ко-автор на проектот на Австралискиот истражувачки совет на дијаспората во Австралија за актуелни и потенцијални врски со татковината, и на извештајот за македонската дијаспора во Австралија.

Овие извештаи официјално се објавени во Парламентот во Канбера на 15-ти август 2012 година од страна на министерот за вработување и односи на работните места Бил Шортен и од парламетарниот секретар за меѓународни и пацифички прашања, Ричард Марлес.

Андреевски напишал десетици статии на “Он лајн опинион”, австралискиот весник на интернет за социјални и политички дебати, на теми како што се: предизвиците и можностите на австралиската надворешна политика кон Македонија, НАТО, граѓанска дипломатија и австралиското тежнеење за место во Советот на безбедност во 2012 година. Тој организираше настани во Парламентот во Канбера и во Парламентот на Викторија посветени на напредокот на австралиско-македонските односи.

Работи стратешки и во соработка со други активисти на подигнување на статусот и влијанието на Македонската дијаспора во Австралија и на воспоставувањето поблиски односи помеѓу Австралија и Македонија.

 


Џим Даикос
– Директор на операциите во Канада – Џим Даикос
Директор на операциите во Канада

Членот на Одброт на ОМД и Директор за операциите во Канада, Џим Даикос, е по потекло од Егејска Македонија. Во 1967 година неговото семејство успеало да емигрира во Канада пред кршењето на човековите права на Македонците во Грција. Разликата меѓу слободата и правата помеѓу Грција и Канада му дало поттик на Даикос да работи неуморно на Македонската кауза. Како резултат на ова, тој направил и поддржувал многу активности за подобрување на правата на Македонците во Грција. Професионално, Даикос има богато искуство во угостителството во Канада, управува и поседува неколку ресторани. Во моментов е генерален менаџер на Вимприс дајнар френчиз. Тој е еден од основачите на многу асоцијации и организации во Канада. Даикос и неговата сопруга Мили имаат две деца. Мили е родена во Полска како дете на двајца деца бегалци од грчката граѓанска војна.

 


Вера Најдовска
– Director of Cultural Awareness – Вера Најдовска
Director of Cultural Awareness

Вера Најдовска е родена во Битола и на тринаесет годишна возраст се преселила во Виндзор (Канада). Таа работи на Универзитетот во Виндзор на одделот за информациски технологии. Дипломирала на факултетот по компјутерски науки на колеџот Сент Клер во Виндзор, а потоа и на Универзитетот во Виндзор на отсекот по словенски (руски) науки и историја. Вера студирала руски јазик во Москва на Институтот за странски јазици “Пушкин,” чешки јазик на Карловиот универзитет во Прага, како и италијански јазик на италијанскиот институт во Фиренца. Во моментов, главна цел и е да го изучи флуентно македоснкиот јазик, и за таа цел има пишувано и преведувано за списанието “Гласот на ОМД.”

Во нејзиното слободно време, Вера волoнтира за бројни организации како што се уметничката галерија во Виндзор, мултикултурниот центар на градот Виндзор, Македонскиот центар Свети Никола и други слични организации. Таа има организирано настани за собирање на средства, била уредник на многубројни билтени, организатор на тури, како и тутор на студенти. Дршавата Онтарио во 2012 година и додели награда за нејзиното десет годишно волонтирање.

 
Exit mobile version