United Macedonian Diaspora

ОМД: Македонците имаат право на независно место меѓу народите

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ја слави 118-годишнината од Илинденското востание и основањето на Крушевската Република – првата демократска република во Југоисточна Европа – и 77-годишнината од основањето на Антифашистичкото собрание за народно ослободување на Македонија, АСНОМ.

Илинден и АСНОМ ја симболизираат недвосмислената определба на македонскиот народ за независност, чијшто сон се оствари пред 30 години, на 8-ми септември 1991 година, кога прогласи слободна, независна и суверена Република Македонија. ОМД никогаш нема да ги заборави оние што починаа за да го остварат овој сон.

Долгото наследство на Македонците кои трпеа малтретирање и оние кои храбро се бореа за Македонија ослободена од странска контрола мора да се продолжи до ден-денес и да се пренесе на генерациите што доаѓаат. Денес, соседите на Македонија, особено Бугарија и Грција, активно ја ревидираат историјата, го унапредуваат антимакедонскиот наратив во сите страни на влијанието и ги негираат основните човекови права и верска слобода на нивните автохтони македонски малцинства.

ОМД продолжува да ги потсетува владите во светот и јавноста дека Македонија беше принудена да се согласи со барањата на Грција за промена на нашето вистинско име, без одобрување од македонскиот народ. Ова, пак, само ја охрабри Бугарија да ги продолжи нејзините барања и територијални аспирации – нешто што нема да се толерира. Македонија сега е членка на НАТО и со право заслужува членство во Европската Унија.

ОМД стои заедно со Македонците ширум светот кои продолжуваат да се стремат кон Македонија која не е попречена од ксенофобијата на соседите, кои се чини дека не можат да го прифатат очигледното: Македонците имаат право на независно место меѓу народите.

ОМД нема да попушти во нејзините тековни активности за да ги истакне и отстрани сите траги на дискриминација врз Македонците.

 

Exit mobile version