Томас Танеф е дел од адвокатскиот бар на Охајо од 1988 година и адвокат 23 години. Дипломирал при државниот универзитет во Охајо и на правниот факултет при универзитет Капитал. Г-дин Tанеф работел како судски службеник, а потоа и како судија во општината Френклин. Г-дин Tанеф има специјализирано во правните области за имот, данок, недвижнини, старателства, посвојувања во државата Охајо како и меѓународни посвојувања. Г-дин Tанеф има работено на повеќе од 2,000 усвојувања, и му била доделена награда за усвојувања од страна на конгресот на САД во 2005 година. Исто така, Г-дин Tанеф бил избран за супер адвокат во Охајо во 2011 и во 2012 година. Понатаму, списанието Колумбус СЕО, на Г-дин Tанеф во 2011 и 2012 година му има доделено награда за најдобар бизнис на адвокатски фирми под 50 години. Г-дин Tанеф е пензиониран почесен конзул на Македонија во САД, а служел и како финансиски претседавач на кампањата на судијата Роберт Монтгомери.