Site icon United Macedonian Diaspora

Три маратони “Ајвар 5К” во САД собраа 8,000 долари за хуманитарни цели

Продолжително со трендот започнат минатата година, оваа година добротворниот маратон Ајвар 5км беше одржан не само по втор пат во Вашингтон, туку за прв пат и во два други града ширум Соединетите америкаски држави, имено во Ен Арбор, Мичиген и Њујорк. Заедно, трите Ајвар 5км маратони собраа 8,000 долари за хуманитарни цели. Од средствата собрани, 6,000 долари ќе бидат донирани во домот за деца без родители “11 октомври” во Скопје. За подобрување на локалната заедница македонско-американската студентска асоцијација ќе донира 2,000 долари собрани од трката во Ен Арбор кон локалната Ен Арбор Роналд Мекдоналд куќа како би им помогнале на локалните деца и нивните потреби.

На 8 септември 2013 година, по повод одбележувањето на 22 годишнината од независноста на Република Македонија, Обединетата македонска дијаспора (ОМД), во партнерство со Ајвар ДОО, македонско-американската студентска асоцијација при Универзитетот во Мичиген (МАСА при кампусите во Ен Арбор и Дирборн) и македонско-американската студентска асоцијација при Универзитетот во Оукланд, привлече околу 400 маратонци да присуствуваат на овогодинешните хуманитарни настани. Секој натпреварувач доби тегла од врвниот македонски деликатес и продукт – Ајвар.

“Никогаш да не гледаме ндолу кон некого, освен ако не им помагаме да застанат на нозе,” изјави Бети Арсовска, ко-основачот на Ајвар ДОО и организатор на маратонот во Вашингтон. “Се надевам дека многумина од нас ќе ја пронајдат добрината во нашите срца и ќе живеат согласно зборовите на оваа мисла, и се надевам дека многу повеќе луѓе ќе ни се придружат следната година како значително повеќе би им помогнале на сирачињата во Македонија.”

“Рефлектирајќи на моменталните настани во светот, целта на овој маратон е обединувањето на луѓе од различни култури, и можност за луѓето да допрат еден до друг и да градат мостови врз разликите кои се чини дека ги раздвојуваат,” напомена Ешли Несторовска, претседател на македонско-американската студентска заедница при Универзитетот во Мичиген – Ен Арбор.

“Маратонот Ајвар 5км е забавен настан кој има за цел преку спорт и спортски активности да ги собере нашите луѓе, пријатели на Македонија како и луѓето кои не знаат толку многу за Македонија а се заинтересирани да дознаат повеќе. Се надеваме дека традицијата ќе продолжи и интересот ќе расте за да опфати уште повеќе градови ширум САД, како и во Канада и Австралија, каде што ОМД има претсавништво,” изјави Бети Папучковска, организаторот на маратонот во Њујорк.

Најмладите учесници на маратонот во Вашингтон беа браќата Захариј (6) и Лукас (9) Рандазо. Во категоријата за мажи, Пол Лаблинес од Вирџинија беше првиот кој маратонот го истрча за импресивни 18 минути, а втор беше Бен Данфорт и трет Тед Пулос. Во категоријата на жени, Сакина Никсон ја заврши трката за помалку од 22 минути, втора беше Ребека Дикинсон и трета Џена Ковучи.

Во трката во Ен Арбор, Фонзи Мекдоналд го освои првото место, по што следеа Михаил Огненовски и Владимир Огненовски. Изгласана за најпозитивен учесник во трката беше Љубинка Георгиевска.

Во трката во Њујорк, во машка категорија Ленард Моксли прв ја заврши трката за само 15 минути и 40 секунди. Втор следеше Зоран Лазаревски и трет Чарлс Моксли. Во женска категорија, Сузана Котевски го освои првото место, по што следеа Весела Николовски на второто место и Блага Секуловска нс трето место.

“Од дното на моето срце, би сакал особено да им се заблагодарам на сите волонтери, кои се најмалку уважени а кои одиграа клучен дел во организацијата на Ајвар 5км. Исто така, Ајвар 5 км не би се оддржал без поддршка од многуте спонзори и донатори кои помогнаа во организацијата на овој настан. Голема благодарност исто така до медиумите кои го покриваа овогодинешниот маратон. На крај, би сакал особено да им се заблагодарам на сите учесници што учествуваа на маратоните Ајвар 5км,” истакна Бернард Песјак, ко-основачот на Ајвар ДОО и организатор на маратонот во Вашингтон.

Би сакале да испратиме специјална благодарност до следните спонзори и донатори:

Вашингтон – Euro Foods from Alexandria, Gold’s Gym, Cosmopolitan Grill, Whole Foods, Silver Sponsors, Starbucks, Road Runner Sports, Matthew & Therese Mandina, Coco Fitness, racePacket, Road ID, Education Magazine, Balkanic Travel, Borne 2 Dance Studio, Riley Pesjak Richardson Fundraiser, Little River Yoga, Nova Foot and Anckle Center, како и средствата обезбедени од Кенди Брајант.

Ен Арбор – Symposium Café, United Macedonian-Americans of Detroit, Bayco Management Company, Chubby Charlie’s Pizza, Brown’s Bun Bakery, RoadID, и Cambridge Cleaners.

Њујорк – Fast-Pak Trading, Inc., Balkanika Restaurant, West Village’s Olio e Piu restaurant, Whynot Coffee, Donka Ilieski Fundraiser, Ohrid Travel, RoadID, Lila Koloska and Dragi Korunoski, Lutz Dommel, Queen B, и Габриела и Александар Димитрови.

Доколку сакате да ги погледнете резултатите од хуманитарните маратони Ајвар 5км како и да погледнете слики од горенаведениот настан, посетете ја страната: http://www.ajvar5k.com.

ОМД сеуште прифаќа донации за помош на сирачињата од домот “11 октомври” во Скопје.

——

За донација и поддршка кон значајната работа која ОМД ја врши за прашањата поврзани за Македонија и Македонците, кликнете ОВДЕ. (Ако сте од Канада, кликнете ОВДЕ). Сите донации од САД и Канада се ослободени од данок. Ви благодариме.

Exit mobile version