Обединетата Македонска Дијапора (ОМД), водечката невладина непартиска организација на Македонците во дијаспората, оствари средба на 8ми мај 2023 со премиерот на Македонија Димитар Ковачевски во амбасадата во Вашингтон. На средбата присуствуваше и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
ОМД ги потврди своите долгогодишни ставови против промената на името како и било какви уставни промени како услов за почетокот за преговорите за членство во Европската Унија. ОМД посочи дека во Македонија малцинствата ги уживаат сите демократски правата, и дека во ниедна друга држава во Европа нема толку министерски позиции застапени од страната на малцинствата. ОМД посочи дека правата на Македонците во соседните земји се тотално обесправени.
ОМД и Премиерот имаа отворена дискусија околу унапредување на односите со дијаспората – најголемиот промотор и амбасадор на Македонија ширум светот. ОМД побара дигитилизација на сите услуги кои и се достапни на дијаспора преку дипломатско-конзуларните претставништва, посебно во врска со издавање или обновување на биометриски лични документи.
ОМД го поздрави стратешкиот дијалог помеѓу Македонија и САД. ОМД активно лобира за Македонија и САД да потпишат договор против двојно оданучување како и за тоа Македонија да стане дел од листата на земји со безвизен режим. ОМД изрази голема благодарност за отворената врата на Амбасадорот Зоран Попов и ќе продолжи со своите напори во зголемување на поддршката за Македонија во Конгресот на САД преку Групата за Пријателство со Македонија и македонско-американската заедница во која членуваат 37.