Обединетата македонска дијаспора (ОМД), најголемата невладина организација што ја претставува македонската дијаспора ширум светот, го осуди нападот врз македонски државјанин во Солун, Грција.
Околу десет лица облечени во црно од екстремно десничарската група “Златна Зора” вчеравечер насилно влегле во општинската галерија во Солун каде што беа изложени делата на уметникот Сергеј Андреевски од Македонија. Тие ги малтретирале уметникот и персоналот и им наредиле да ги симнат изложените уметнички дела.
Општинската галерија Ремецо во областа Каламарија, Грција изложуваше цртежи и слики на познатиот македонски уметник Сергеј Андреевски. Уметничката изложба беше отворена на 21 април и се очекуваше да трае до 29 април.
Натрапниците, членови на младинското крило на екстремно десничарската неонацистичка Златна зора, наводно извикувале дека уметникот нема право да биде таму и ја доведувале во прашање неговата националност. „Можете да бидете или Словен или Грк. Нема наводни негрчки Македонци“, се слуша како вели еден од натрапниците во видеото што групата го објави на Јутјуб.
Напаѓачите на Златна зора ги „симнаа“ делата на скопскиот уметник. По рацијата, членовите на Златна зора го „запечатија“ просторот со црвена лента и залепија налепници со симболот на организацијата, тврдејќи дека овој уметник не треба да биде во областа.
Гордан Јорданов од ОМД рече:
„Ова не се случајни напади на бесмислено насилство. Тие се насочени, оркестрирани акти од припадниците на Златна Зора, базирани на етничка омраза со јасна агенда. Овие дејства не само што се одразуваат одвратно на насилниците што ги извршиле, туку и на која било грчка агенција, кој било полицаец и кој било политичар кој го прифаќа овој чин како оправдан бидејќи целта на нападот е странски државјанин од Македонија.
„ОМД повикува на итен одговор од Владата на Грција и целосна истрага во овој акт на зголемување на насилство. Секое одбивање на Грчките институции да постапат законски, станува државно насилство против Македонците во Грција и меѓународен инцидент.
„Бараме грчката влада и сите државни агенции да ги пронајдат и казнат поединците кои ја извршиле оваа грозоморна и незаконска активност. Владата мора да му обезбеди на секој етнички Македонец што доаѓа во посета на земјата целосна заштита според законот што му следува.
„Овие акции мора да бидат формално осудени на највисоко можно ниво“.
Видео од Златна зора: