Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) ги осудува разединувачките изјави на лидерот на партијата ДУИ и долгогодишен член на владината коалиција, Али Ахмети.
При посетата на Украина, Али Ахмети им порача на Украинците: “Вие ќе ја добиете оваа војна. Бидете силни и не предавајте се никогаш, така победивме и ние, бидејќи ние не се предадовме никогаш!”. Со оваа изјава, Ахмети свесно сака да ги понижи своите сограѓани Македонци, претставувајќи ги како губитници на конкфликтот во 2001 а себе си како
победник.
Вакви изјави не се долични за политичари кои се стремат кон меѓуетнични спокој. Ако ДУИ и Ахмети сакаат да живеат во “едно општество за сите,“ треба да се оградуваат од изјави кои се навредливи кон мнозинскиот македонски народ.
ОМД го повикува Ахмети да се извини за оваа изјава. Исто така ги повикуваме Владата и соодветните органи да создадат рамка и стандарди на изразување, особено кога тоа се однесува на претставување на Македонија пред важни меѓународни организации или држави.