ОМД донираше за 15тиот Македонски Културен Фестивал во Албанија

ОМД донираше за 15тиот Македонски Културен Фестивал во Албанија

Ова лето, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) направи кампања за собирање на потребните средства за 15тото издание на Македонскиот Културен Фестивал, кој се одржува во регионот Мала Преспа во Албанија каде има мнозинско етничко македонско население.

Ви благодариме на сите членови и поддржувачи на ОМД кои придонесоа за оваа кампања да биде успешна, со што се собраа вкупно $4.000 долари за Здружението на Македонците од Албанија СОНЦЕ Скопје, за покривање на некои од логистичките трошоци на фестивалот.

На 5-ти јули, директорот за Македонија на ОМД Гордан Јорданов отпатува во Пустец, Албанија за да присуствува на затворањето на овој фестивал, каде се сретна со припадниците на македонското малцинство, и даде краток говор на учесниците, заблагодарувајќи му се на директорот на фестивалот и познатиот македонски актер Едмонд Сотир за неговите неизмерни напори за организација и за поддршка на македонската култура, традиции и вредности во Албанија. Овие настани ги зајакнуваат врските помеѓу етничкото македонско малцинство во Албанија и нашето единствено македонско културно наследство.

Фестивалот, кој се одржа од 1 до 5 јули 2022 година, имаше настап на женскиот хор Света Злата Мегленска, и различни театри од Македонија, со многу активности за деца и танцување.

Големината на секој народ се мери во зачувување и промовирање на неговата култура и јазик кој го дефинира неговиот единствен идентитет. Македонците во Албанија успешно го сочувуваат македонскиот јазичен и културен идентитет дури и кога биле сами, во изолација на темното комунистичко минато. Денеска можеме да покажеме дека Македонците во Албанија не се сами, Македонците ширум светот се заедно, а Обединети, можеме!

Размислете за поддршка на тековната работа на ОМД:

Фонд за унапредување и заштита македонските човекови права

Фонд за промоција на македонското наследство