Започна 6-тата програма Родум од Македонија со 12 студенти од дијаспората

Започна 6-тата програма Родум од Македонија со 12 студенти од дијаспората

Обединета Македонија Дијаспора (ОМД), која претставува водечки глас на Македонците во странство, возбудливо го објавува враќањето на нашата програма Родум од Македонија (Birthright Macedonia) по двегодишен прекин поради пандемијата. 
 
Родум од Македонија се одржува во партнерство со најстарата граѓанска организација во Македонија – Македонски центар за меѓународна Соработка (МЦМС) и новосоздадената Битолската Алијанса на Родум од Македонија, составена од четири битолски организации и движења предводени од жени, комплетирана со радиоемисијата за деца и млади возрасни Слушнете неее! на универзитетското радио УКЛО ФМ како известувач за програмата на начин соодветен за дијаспората а својствен на младите.
 
Во 2022 година славиме две пресвртници:
 
– Оваа година има најбројна група учесници што некогаш присуствувале на програмата – 12 студенти од Македонската дијаспора. Родум од Македонија беше инаугурирана во 2015 година и секоја година забележуваше раст на интересот и учеството. Дванаесетте студенти со македонско потекло годинава доаѓаат од Канада, Швајцарија, Британија, и САД. Тоа се Кристијан Думкос, Ангела Ефремова, Ела Ерскин, Нина Ерскин, Наум Хофман, Ангела Јосифова, Метју Костоф, Мила Кулевска, Александар Крстовски, Александар Петрушевски, Џејмс Трентос и Александра Влчевска.
 
– Дополнително, за првпат во 2022 година програмата се проширува надвор од главниот град на Македонија, Скопјево во уште еден град – „Градот на конзулите“ – Битола!
 
Свеченото отворање на овогодинешната програма се одржа во Хотел Солун во Скопје, Македонија, на хибриден начин, во петокот, на 1 јули 2022. Пред сите учесници, нивните домаќини, професори, претставници од институциите и бизнисите соработници на програмата, се обратија:
– Основачот на програмата, член на Советодавниот совет на ОМД – Питер Далас 
– Претседателот на ОМД Методија А. Колоски 
– Извршниот директор на МЦМС Александар Кржаловски
– Координаторката на Родум од Македонија за Битола проф. д-р Рената Петревска Нечкоска 
– Членот на Управниот одбор на ОМД и благајник Катерина Трајкова
– Александра Мургоска, поддржувач на програмата и основач и главен извршен директор на компанијата Limitless Solutions и 
– Директорот за Македонија на ОМД Гордан Јорданов
 
ОМД изразува благодарност до Јасмина Чаушоска од МЦМС, Петревска Нечкоска и нејзиниот тим, Јорданов и директорката за напредување и развој на ОМД Ема Браун за сите нивни напори за реализација на овој проект.
 
Во текот на трите недели од програмата, сите учесниците се распоредени низ државни институции, приватни бизниси, компании и организации со соодветна гостувачка програма за поконкретно практично осознавање на работата кое ги надополнува нивните академски и кариерни цели. Овие престои ќе се вршат во Министерство за правда на Македонија, Министерство за финансии на Македонија, Управа за јавни приходи – Регионална дирекција во Битола, Музејот на Македонска борба, Битолска лабораторија, Адвокатската канцеларија Спирески, Адвокатска канцеларија ДДК, BtoBet, iSOURCE, Zootrop Studio, Eco Awareness и МЦМС. Тие исто така ќе живеат со семејство домаќин – семејство кое никогаш претходно не го запознале.
 
Родум од Македонија е програма која ги поврзува македонските корени со општење на македонскиот јазик. Студентите ќе имаат можност да ја доживеат македонската култура, традициите, богатата кујна и историјата на нивните предци во татковината.
Студентите ќе го посетат Охридското Езеро, ќе ги разгледаат Скопје и Битола и ќе присуствуваат на едно од најпознатите Европски фестивали, Галичка свадба.
 
Родум од Македонија е создадена од членот на Советодавниот совет на ОМД, Питер Далас, кој е роден Американец со македонско потекло од двајцата родители. Далас беше значително загрижен за одделувањето на македонската младина во дијаспората од нивните прадедовски корени. Тој беше загрижен и за асимилацијата на македонската младина која живее во странство други етнички култури наместо Македонската. Затоа, Далас одлучи да направи нешто за да се обиде да го смени овој тренд. Како резултат на тоа е родена и функционира глобалната програма која се разви во Birthright Macedonia (Родум од Македонија)
 
Следете ги социјалните медиуми на ОМД и партнерите за фотографии од оваа извонредно тринеделно животозбогатувачко искуство во Македонија.
 
Кликнете ОВДЕ за слики од отворањето на програмата.