Верската слобода е камен-темелник на човековите права и граѓанското општество

Верската слобода е камен-темелник на човековите права и граѓанското општество

Како водечки глас за македонските човекови права во светот, ОМД е непоколеблив поборник за верска слобода на Македонците од своето основање пред речиси 18 години.

ОМД е член на неформалната меѓународна тркалезна маса за верски слободи и остварува редовни средби со Американските и Канадските амбасадори за меѓународни верски слободи. Раководството на ОМД ја посети речиси секоја Македонска Православна Црква во Австралија, Канада и Соединетите Држави во напорите за информирање на истите.

ОМД испрати безброј писма до лидерите на ОН, ОБСЕ, Советот на Европа, НАТО и ЕУ за верската слобода на Македонците во Албанија, Бугарија и Грција.

Нашата петиција од 2005 година, која собра над 88.000 потписи, бараше Грција да ја признае Македонската Православна Црква во нејзините граници.

Во 2007 година, ОМД беше домаќин на верскиот водач на Македонската Православна заедница во Грција, Архимандрит Никодим Царкњас во Вашингтон, на серија состаноци со Стејт Департментот и Конгресот, како и на разговор на Универзитетот Џорџтаун.

Во 2010 година Царкњас ја доби наградата за човекови права на ОМД во Канада.

Во 2010 година, претседателот на ОМД Методија А. Колоски се сретна со претставници на Вселенската Патријаршија во Истанбул.

Во 2011 година, ОМД ја организираше првата Македонска Православна богослужба во Вашингтон, со протаставрофор Слободан Петковски.

Во 2012 година, ОМД беше домаќин на архимандритот Царкњас во Вашингтон, на средби со првиот Американски Амбасадор за верска слобода, Стејт департментот и Конгресот на САД. Архимандритот Царкњас е првиот свештеник на Македонската православна црква кој имал ваква средба на високо ниво со претставник на Американската администрација. ОМД го донесе и во Отава на средби со канадски претставници и членови на парламентот.

Во пролетта 2013 година, ОМД ја договори првата официјална посета на Вашингтон од страна на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Методиј од Американско-Канадската Македонска православна епархија. Како дел од својата агенда, митрополитот Методиј го посети Конгресот на САД за да се сретне со долгогодишните пријатели на Македонија и Македонско-Американската заедница, конгресменката Кендис Милер од Мичиген, која ја основаше и претседаваше Македонската пратеничка група, и со конгресменот Бил Паскрел од Њу Џерси, член на пратеничката група за Македонија.

Во 2013 година, кога почина Владиката Кирил, еден од столбовите на Македонската православна црква и нашето национално движење, ОМД организираше преку канцеларијата на конгресменката Кендис Милер американското знаме да се вее на половина копје на зградата на Капитол Хил на САД, а конгресменката Милер му даде признание на неговиот живот во Конгресната евиденција.

Во 2013 година, ОМД преку неформалната Меѓународна тркалезна маса за верски слободи, испрати писмо до Американскиот државен секретар Џон Кери потпишано од 14 организации и поединци во кое изразија длабока загриженост за долгогодишните сериозни прекршувања на верската слобода во Грција. Неформалната група на застапници за човекови права и верски водачи, едногласно го повика секретарот Кери да ја повика Грција да ја ратификува Европската рамковна конвенција за заштита на националните малцинства и активно и со добра волја да обезбеди верска слобода за сите верски малцинства во Грција.

Во 2015 година, ОМД организираше деканот на источниот регион на Американско-канадската македонска православна епархија, прoтаставрофор Бранко Постоловски, да присуствува на Етничкиот ден во Белата куќа и да каже благодат на македонски јазик пред 170 учесници за време на ручекот – прв пат да се случи во Белата Куќа. Прота Бранко присуствуваше и на состаноците во Конгресот на САД за да разговараат за прашања поврзани со Македонците.

Во 2018 година, во интервју за YouTube, архимандритот Никодим Царкњас – верски водач на македонските православни следбеници во Грција, зборуваше со ОМД за предизвиците со кои се соочува заедницата и црквата Света Злата Мегленска во С’ботско, Егејска Македонија (Аридија, Грција денес).

ОМД одржа два собири за собирање средства за црквата во Грција и собра над 10.000 американски долари.

Во 2020 година, програмата за млади лидери на ОМД, Генерација М, поднесе извештај до Обединетите нации во кој се истакнуваат системските, историските и тековните причини и ефекти на угнетувањето во Грција и Бугарија, особено во однос на македонската верска слобода.

Во 2021 година, за време на првиот Самит за Меѓународни Верски Слободи во Вашингтон, Претседателот на ОМД Методија А. Колоски излезе со искрен став, повикувајќи за регистрација на Македонска Православна Црква во Грција и искажување околу маките на архимандритот Никодим Царкњас кој бил затворуван, тепан и исмеан на јавна телевизија во минатото.

Во август 2021 година, Претставничкиот дом на Мичиген усвои резолуција со која се прогласува септември за месец на македонското американско наследство – првпат во историјата на САД – во која се наведува дека Стерлинг Хајтс, Мичиген е дом на седиштето на Американско-Канадската Македонска Православна Епархија, под сегашното покровителство на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Методиј и Мичиген е дом на неколку македонски православни цркви и православни цркви и манастири изградени од македонски Американци.

Во октомври 2021 година, Конгресната македонска група го претстави резолуција број 741 со кој се прогласува септември за месец на македонското американско наследство – првпат во историјата на САД – наведувајќи дека Македонците Американци придонеле за изградбата на неколку десетици македонски православни цркви низ Соединетите Американски Држави како дел од Американско-канадската македонска православна епархија, под тековно покровителство на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Методиј и играа голема улога во другите православни црковни заедници низ Соединетите Држави повеќе од еден век.