Македонците се Македонци, не Северномакедонци

Одговорноста за заштина на македонскиот национален идентитет е лична на секој Македонец, без разлика колку меѓународните билатерални и мултулатерални договори склучени од страна на владините структури го гарантираат или негираат тоа. По тој основ, Обединета Македонска Дијаспора (ОМД) неуморно ги следи и остро регира на сите намерни или ненамерни обиди за реформулирање на македонскиот идентитет во меѓународната заедница.

Иако во отсуство на национален консензус, потпишан указ од Претседателот на државата, согласност од македонскиот народ изразен преку референдум и ратификација во грчкиот парламент, договорот помеѓу Република Македонија и Грција бележи низа бариери до своето стапување во сила, државата повеќекратно беше именувана како Северна Македонија а нејзиниот народ како свереномакедонски. Додека Министерството за Надворешни Работи и покрај својата надлежност да се спротистави на таквата појава, молчи во знак на одобрувње, ОМД реагира во насока на заштита на македонското име и идентитет.

Непосредно по острите реакции упатени до Евробаскет каде националноста на македонските кошаркари беше запишана како северномакедонска и северномакедонско-бугарска, на што ОМД повика на корегирање кое беше испочитувано, обиди за редефинирање на македонскиот идентитет беа забележани во повеќе наврати кои не беа поштедени од реакциите на ОМД. По повод писмото упатено до Претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск од страна на европратеникот Кнут Флекенштен и пратеничката во Европскиот Парламент – Тања Фајон и ред други како Иво Вајгл, во кое македонскиот народ е именуван како северномакедонски, ОМД повика на корегирање на погрешното идентификување на македонската нација, при што истото беше и направено.

„Lapsus linguae. Се извинуваме за направената грешка. Забележано и корегирано во писмото упатено до Претседателот на Европскиот Совет и Кнут Флекенштен” – гласеше повратниот одговор на Тања Фајон изнесен преку социјалните мрежи. Во прилог на тоа, европратеникот Кнут Флекенштен на својот профил изјави „Многу ми е жал, но политичарите некогаш имаат потреба од време да научат. Македонците се Македонци, не Северномакедонци. Нема да се повтори. Истото е корегирано во официјалното писмо до Претседателот Туск“.

Оттука, станува јасно дека битката за македонското име и идентитет се води секојдевно и од страна на секој Македонец, поради што ОМД повикува на индивидуални и колективни залагања во насока на нивна заштита.

Обединети можеме!

Please follow and like us: