Република Македонија Ерга Омнес
Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД), во контекст на новонастаната загрижувачка ситуација во татковината предизвикана од крајно несериозното, не-државничко и деградирачко делување на претставниците на двете најголеми политички партии на Македонците во Република Македонија, по повод исходот од средбите во Њу Јорк и Брисел, и продолжување на преговорите на името, го изјавува следново
Соопштение за јавност
Со последниот предлог за промена на името за севкупна употреба вкучувајќи и промена на Уставот на Република Македонија, владата на Република Македонија  изврши предавство на нацијата и се обидува сериозно да ја наруши независноста и суверенитетот на државата, ставајќи се во служба на силите кои вршат идентитетски, историски и културен геноцид на Македонскиот народ. Со аматеризам и полтронство, без трошка визија, самопочит и без никаква заложба за почитување на основните и универзални вредности за рамноправност, со дигнитет и меѓусебна почит, се прават обиди за уништување на вековниот идеал на Македонецот за сопствена држава создадена врз Крушевскиот Манифест и Асномската Декларација. Со своето полтронство и аматеризам, подпомогнати од невладини активисти со сомнителен кредибилитет, професионализам, етика и морал, финансирани од извори кои спроведуваат национални интереси на туѓи држави, сериозно ги загрозуваат угледот на Македонската држава, достоинство и иднина.
Во овој момент, сите ние имаме историска одговорност, користејќи ги демократските средства, по мирен и разумен пат, по примерот на Ганди и Мендела и следејќи ги идеалите на Гоце Делчев, да го одбраниме тоа што е наше, за нас и нашите поколенија.
Поради горенаведените причини, ОМД го повикува Македонецот без разлика на својата етничка, верска и идеолошка припадност и определба во Република Македонија и Дијаспората, на следниве чекори и активности:
• Го повикуваме народот на зголемена активност, организирање на мирни протести и јавни манифестации како начин на изразување на несогласност со деструктивните политики во Република Македонија.
• Ги повикуваме македонските медиуми на транспарентност на националното незадоволство наместо лажирање на национален концензус во прилог на актуелните политики.
• Ги повикуваме интелектуалниот кор во државата да го поттикнат својот народ во одбрана на Уставот на Република Македонија.
• Ги повикуваме македонските економски сили во Република Македонија и Дијаспората да се организираат со финаниска поддршка кон одрбана на унитарноста, уставноста и идентитетот на државата.
• Повикуваме на соработка и формирање на координативно тело помеѓу партиски членови од сите Македонски партии кои ќе работат за спречување на референдумско изјаснување, како би се спречило легитимизирање на уставните и идентитетски промени на Македонија.
• Ги повикуваме организациите на Македонците во дијаспората на одговорност, активност и организираност со цел да им помогнеме на нашите сонародници во Македонија да го одбранат Уставот и сувереноста  на Република Македонија. Притоа, повикуваме на претпазливост и индивидуална одговорност, со напомена дека секоја избрзана некоординирана активност на поголемите организации во дијаспората, брз база на компромис и изразена согласност, базирани на презентирана програма и цел, можат да доведат до несогледлив колапс и разочарување во дијаспората, со непожелни последици за нашите браќа и сестри во Македонија.
Вистината, желбата, патриотизмот, разумот, активноста, исклучиво по мирен и демократски пат се единствениот можен излез од ситуацијата во која се наоѓа Македонија, поради што ОМД повикува на здружено делување, затоа што – за сите нас се работи.
За Република Македонија.
Обединети Можеме.
Please follow and like us: