Анкета на ОМД: Повеќе од 90% од Македонците се против промена на името

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) во периодот 12-22 Март 2018, со цел да го сознае мислењето на Македонскиот народ, спроведе научна анкета со 10 прашања кои задираат во суверенитетот и унитарноста на Република Македонија.

Причината за оваа анкета беше во отсуство на транспарентност на Владата на Република Македонија, како и инклузивност на Македонскиот Народ во креирањето на иднината на државата, преку резултатите на оваа анкета да се потврдат или делегитимираат активностите на Владата на Република Македонија.

ОМД, овој начин на испитување на јавното мислење го смета за кредибилен извор за мислењето на народот за официјалната политика на власта во Република Македонија. Оваа анкета не е спонзирирана од ниту една организација и е иницијатива исклучиво на ОМД.

Резултатите од оваа анкета се слободно изјаснување на сите заинтересирани да придонесат во креирањето на јавното мислење, и во ниту еден момент ОМД ниту има селектирано учесници, ниту пак има направено поттикнување со цел да придонесе во изјаснување за мислењето на учесниците.

ОМД е со цврст став дека единствено креирање на политика која црпи легитимитет преку реализација на изборни ветувања за кои граѓаните го имаат дадено својот глас на непосредни и легални избори, а не постизборни партиски коалициски калкулации контра своите предизборни ветувања кои задираат во Уставот, суверенитетот и унитарноста на државата, е гаранција за демократскиот просперитет државата.

Притоа напоменуваме дека недозволиво е во ерата на социјалните мрежи, да се занемарува мислењето на граѓаните и нивните заложби за сигурна и стабилна иднина.

Резултатите на 1429 учесници се следниве:

Дали Република Македонија мора согласно Уставот да го заштити својот идентитет и јазик, покрај надворешниот притисок?

Дали ја поддржувате промената на Уставното име на Република Македонија, јазикот и идентитетот, со цел задоволување на Грчките барања за одобрување на прием во ЕУ и Нато?

Дали се согласуваш за промена на Македонското име, јазик и идентитет за влез во НАТО и ЕУ?

Дали промената на Македонското име подразбира и промена на идентитетот?

Дали Република Македонија треба да ги прекине преговорите во ОН?

Дали пописот е приоритет на Република Македонија?

Каде живееш?

Која е твојата етничка припадност?

Која е твојата родова припадност?

Која е твојата возрасна граница?

 

Please follow and like us: