Преставникот на ОМД за Монтреал Александра Настеска номинирана за наградата 25 најдобри имигранти во Канада

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) со задоволство објавува дека нашата преставничка за Монтреал Александра Настеска е номинирана за топ 25 имигранти во Канада. Настевска е активист за зачувување на животната средина и е првата Македонка да биде номинирана за оваа престижна награда. Оваа нагдра се доделува на 25 канадски имигранти кои оставиле позитивен белег во канадското општество. 

ОМД ги охрабрува сите Македонци во Канада да гласаат за Александра.  Ве молиме кликнете ТУКА за да го дадете својот глас за Александра. 

“Почестена и возбудена сум што ме избраа помеѓу овие исклучителни 75 финалисти. Се надевам дека како финалист и како Македонка ќе и овозможам на канадските граѓани да дознаат повеќе за Македонија и нашата култура. Многу е важно да се подигне свеста на луѓето во врска со прашањата во Макеонија, за имигрантите во Канада, како и да оствариме уникатен придонес како нација и како индивидуални Македонци. Доколку победам, се надевам дека оваа награда индиректно ќе создаде можности за други Македонци во Канада и ќе ги охрабри македонските имигранти од целиот свет да ги остварат своите соништа и нивното посакувано место во општеството,” рече Настеска.

Оваа година во Канада беа номинирани 600 имигранти, а жири комисијата ја избра Александра Настеска како еден од 75 финалисти. Во минатото добитници на оваа награда се пратеникот Оливија Чоу, глумицата номинирана за Оскар Депа Метха, како гувернерите Адриен Кларксон и Мишеле Жан. Лауреати се имигранти кои ја имаат прифатено нивната заедница и имаат придонесено кон канадското општество со поддршка и помош слична на таа кога прв пат пристигнале во Канада. 

Александра Настеска е родена во Скопје каде што прв пат се активирала во движењето за правата на жените преку учества во јавни панели на ОН за статусот на жените во Македонија и на Балканот. Таа живее во Канада веќе осум години и има работено во канадската јавна адмиснистрација и невладиниот сектор. На дваесет и девет години Настеска е основач на кампањата за канадско лидерство „Ние од Канада” која прерасна во меѓународно признато движење за мобилизација за време на Рио +20 конференција на Обединетите нации.  Таа служела како директор за комуникации на кампањата, каде што успеала да кординира со повеќе од 40 волонтери низ целата земја со помош на нејзината стратегија за софистицирано ангажирање. 

Настеска ја предводеше и турнејата и акцијата за дијалог во Канада за заштита на животната средина во 2012. Таа одржа говор пред истакнати канадски граѓани како што се д-р Дејвид Сузуки и Десарие МкГроу, како и извршниот директот на Жан Сауве фондацијата.  Турнејата вклучуваше посети на 16 канадски градови (23 универзитети и 30 основни / средни училишта), и консултации со околу 8.000 млади канаѓани за нивните приоритети и идеи за заштита на животната средина во Канада.

Преку серија на работилници и презентации низ цела држава Настеска мотивираше илјадници млади канаѓаните од цела држава да го достигнат својот целосен потенцијал како свесни граѓани за одржливост и промените во животната средина. Овие идеи беа презентирани и во финалниот извештај наречен „Каква иднина сакаат канаѓаните?” за време на Рио +20 конференција на ОН. Нејзиниот оптимизам, напорна работа и креативен пристап е она што ја стави на чело на оваа волонтерска иницијатива на еден од најважните глобални средби во историјата на Обединетите нации.

Во прилог на  нејзината работа како претседавач за национални консултации, таа има изградено силна поддршка од страна на: организации, поединци од Обединетите нации и граѓанското општество, како и од страна на јавни личности. Некои организации со висок профил и поединци кои таа соработува се: фондацијата Дејвид Сузуки, Гринпис Канада, канадскиот институтот за животна средина и политика, Северн Кулинс-Сузуки (меѓународен активист и автор), Сара Канинг (водечка актерка во Vampire Diaries), и Амбер Мак (најпродаваниот автор на  книги за технологии).

Настеска ја истакна способноста на еден канадски државјанин да следи и да влијае врз меѓународните преговори.  Таа е решена да ги развие способностите на младите за постигнување на повисоки нивоа на образование и на професионални достигнувања, како што и самата има докажано дека секој ангажиран поединец може да придонесе позитивно во Канада.

 

Please follow and like us: