Нов извештај на ОМД: Анализа на систематската злоупотреба на правото на верска слобода во Грција

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) го објави издавањето на својот нов извештај со наслов: Злоупотреба на правото на верската слобода во Грција – со акцент на случајот на македонската православна црква.  Во извештајот се истакнуваат примери на севкупната култура на злоупотреба на правото на верска слобода во грчкиот правен систем, искуството на имигрантите, турското малцинство во Тракија, како и случајот на македонската православна заедница во Егејска Македонија (северна Грција).

Во Грција не постои поделба на црква и држава, и член 3 од Уставот ја дефинира грчката православна црква како “главна религија” во целата држава. Според оваа дефиниција, членовите на грчкото православно свештенството се сметаат за државни службеници, а чинот на прозелитизам или кремирање е забранет. Самиот правен систем во Грција не дозволува верска слобода за други религии освен за припадниците на грчката православна црква. За ова сведочат големиот број на обвиненија против турските муфтии од Ксанти, кои обвиненија беа  ослободени пред Европскиот суд за човекови права.

Судбината на верниците на македонската православна црква во Грција е уште поочајна. Грчката влада веќе дваесет години го одбива барањето за дозвола да се изгради македонска православна црква во Аридеа (Соботско), а македонското малцинство во Грција секојдневно се соочува со комплексни процедурални казни. На пример, грчките свештеници одбиваат да крштеваат деца со македонски имиња, а лидерите на грчката православна црква, како што е Митрополитот Антимос од Солун јавно поттикнуваат насилство врз Македонците.  Свештениците, кои се вработени во јавниот сектор создаваат мрежа на информатори да координираат со државната полиција за да се потиснат сите човекови права на Македонците во земјата.

“Во согласност со меѓународното право, ОМД се надева дека Атина конечно ќе воспостави еднакви верски слободи за сите грчки државјани и жители. Членови на американскиот Конгрес, на Стејт департментот, како и членови на австралискиот, канадскиот и бројни европски парламенти ќе добијат копија од нашиот последен извештај, и ние ќе продолжиме гласно да зборуваме во име на безгласните вески малцинства во Грција”, изјави претседателот на ОМД, Методија А. Колоски. 

Претставникот на ОМД во Грција, Евгенија Нацилиду, додаде: “Додека грчката влада е зафатена со решавање на економската криза, во исто време во Грција има и социјална криза. За ова сведочи подемот на агресивната фашистичка политика во грчкиот Парламент, како и подемот на тактиките на заплашување. Некои од новосоздадените фашистички елементи тесно соработуваат со грчката православна црква. На грчкото општество му се заканува ксенофобија и нетолеранција, а ние во ОМД напорно работиме за подигање на свеста во Европа и во светот за социјалната ситуацијата во Грција.”

За да го прочитате целиот извештај, кликнете ТУКА

Please follow and like us: