ОМД бара решавање на разликите само преку политички дијалог

Обединетата македонска дијаспора (ОМД), водечката македонска организација на Македонците во светот, е длабоко загрижена за последните случувања во Собранието на Република Макеоднија за време на гласањето на буџетот за 2013 година, вклучувајќи ги и насилините конфронтации внатре и надвор од зградата на Парламентот.  ОМД ги повикува сите партии и граѓани на Република Македонија да останат смирени и заедно да работат на решавање на нивните разлики. 

“Со цел да се создадат услови за враќање на сите партии на преговарачката маса, на Македонија и треба државништво од страна на сите избрани политичари,” изјави претседателот на ОМД Методија А. Колоски.  “Ваквите инциденти штетат на имиџот на Македонија во очите на меѓународната заедница, како и го ставаат во прашање напредокот што Македонија го има постигнато на патот кон евро-атланските интеграции, државна цел која сите поголеми партии јавно тврдат дека ја ја поддржуваат.”

Од осамостојувањето во 1991 година, Македонија ги има имплементирано поголемиот дел на реформите потребни за влез во НАТО и ЕУ.  Иако остануваат уште многу предизвици, Македонија денес нуди стабилна економска основа, а служи и како извозник на безбедност преку клучните придонеси во регионалните и меѓународните мисии на НАТО.  Ние ги охрабруваме лидерите во Македонија да продолжат по патот на демократски реформи и економскиот развој, и на тој начин да се обезбеди продолжение на овие минати успеси на Македонија. 

 

Please follow and like us: