ОМД и се заблагодарува на Унгарија за признавањето на Македонија

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) со задоволство објавува дека 134-та земја да ја признае Макеоднија под нејзиното уставно име е Унгарија.  ОМД им се заблагодарува на унгарскиот премиер Виктор Орбан, неговата влада и сите Унгарци ширум светот за  нивната континуирана поддршка и пријателство.  ОМД ја користи оваа  прилика да ја поздрави и работата на македонскиот амбасадор во Унгарија Дарко Ангелов и на неговиот тим во Будимпешта. 

“Со оваа одлука унгарската влада уште еднаш го потврдува силното и искреното пријателство на Македонија и Унгарија.  Унгарија е голем пријател и стратешки партнер на Македонија, и ние сме среќни и горди што Унгарија одлучи формално да го признае уставното име на Макеоднија, вклучувајќи ги сите билатерални комуникации.  Ние ќе продолжиме да работиме на унапредувањето на унгарско-македонските односи,” изјави денес претседателот на ОМД Методија А. Колоски, кои ја посети Будимпешта во март 2011 година и се сретна со претставници на унгарско-македонска заедница како и со владини преставници на унгарската Влада. 

Повеќето членови на макеоднската заедница во Унгарија имаат потекло од Егејска Макеоднија (денешна Грција), а мнозинство од нив се македонски деца бегалци кои пребегале за време на грчката граѓанска војна, како и нивните потомци.  

Во мај 2012 година, најпрестижната наградата на ОМД “Гоце Делчев,” му беше доделена на унграскиот премиер Виктор Орбан во чест на неговата силна пордшка на Макеоднија за членство во ЕУ и НАТО.  Во писмото испратено до ОМД, унгарскиот премиер пишува дека “оваа награда е признание на цврстото пријателство помеѓу унгарскиот и македонскиот народ, како и  позитивен фидбек на унгарската политиката за проширување на ЕУ и НАТО.  Затоа дозволете ми да Ве уверувам дека ние остануваме силни поддржувачи на напорите за   европската интеграција на Македонија.”   

Премиерот Орбан официјално ја посети Макеоднија во мај 2011 година, за време на унгарското претседавање со ЕУ и даде силна поддршка за интеграцијата на Македонија во евро-атлантските структури.  Исто така, претседателот д-р Ѓорге Иванов официјално ја посети Унграија во април 2011 година.  До сега нема ваков преседан, македонски шеф на држава да ја посети земјата што претстедава со ЕУ, и да биде домаќин на шефот на државата која е претседавач на ЕУ.  Минатиот месец, Премиерот Груевски исто така ја посети Унгарија за да се сретне со премиерот Орбан.  Во јули 2011 година, премиерот Орбан испрати меморандум-писмо до премиерите на сите земји членки на ЕУ, како и до раководството на ЕУ (претседателот на Комисијата, претседателот на Европскиот парламент и на Советот на ЕУ) во кое ја повика ЕУ веднаш да започне со пристапните преговори со Македонија, и напомена дека “спорот за името” треба да се решава одделно од присапните преговори. 

Унгарско-Американска коалиција (УАК), а која е гласот на повеќе од еден и пол милиони унгарци со американско потекло, во април 2012 година испратија писмо до претседателот Обама во кое побараа “јасна поддршка и формална покана на Македонија за влез во НАТО на престојниот НАТО самит во Чикаго во мај 2012 година.”  УАК исто така испрати слични писма и во 2010 година пред самитот во Лисабон.

 

Please follow and like us: