ОМД: Коментарите на Евроамбасадорот за “Славомакедонци” ги попречуваат пристапните разговори

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) и испрати писмо на Високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија, Кетрин Ештон, изразувајќи загриженост за “славомакедонските” коментари на Евроамбасадорот Орав искажани минатата недела во Европскиот Парламент. 

 

ОМД смета дека ваквите коментари се контрапродуктивни и директно му наштетуваат на пристапниот дијалог меѓу Македонија и ЕУ, воспоставен во март оваа година од страна на Еврокомесарот за проширување Филе. 

 

Ве молиме, проследете го текстот подолу:

 

Почитувана г. Ештон, 

 

Ви пишувам во име на Обединетата македонска дијаспора (ОМД), која работи за интересите и потребите на повеќе од 4.5 милиони Македонци ширум светот, со цел да ја искажам нашата сериозна загриженост и навреда нанесена од коментарите на Евроамбасадорот во Македонија, Ајво Орав. Во своето обраќањеза време на состанокот на Комитетот за надворешна полика при Европскиот Парламенттој им се обраќа на Македонците како “Славомакедонци”.

 

Односите меѓу Македонија и ЕУ беа воспоставени во 1996 година, па преставниците на ЕУ до сега би требало да имаат разбирање за чувствителноста по ова прашање како и обраќањето на Македонците како Славомакедонци”, што воедно претставува и прекршување на принципите за човекови права и право на самоопределување на Европската унија. Ова не е прв пат претставник на ЕУ да искаже вакво бесрамно непочитување за чувствата на македонскиот народ. Комисијата на ЕУ го има исклучено зборотмакедонски во три од вкупно четири извештаи за напредокот на земјата, и до сега нема споменато во своите документи за македонскиот народ, идентитет, итн. што е спротивно со тоа како ги опишува другите земји кои се борат за влез во ЕУ. 

 

Коментарите на Вашиот Амбасадор ги попречуваат пристапните дијалози на високо ниво воспоставени од Европкомесарот за проширување Филе во март оваа година. Вниманието на македонското општество треба да биде фокусирано на остатокот на реформи потребни за членство во ЕУ и кон позитивен исход на состанокот на Европскиот совет во декември и добивање на датум за преговори. Македонската политичка елита, медиумите и граѓанското општество се крајно навредени од коментарите на Евроамбасадорот, за кои велат дека се контрапродуктивни и покажуваат дека Амбасадорот и ЕУ воопшто немаат почит за македонскиот народ.  Понатаму, со оглед на фактот дека не ја посетивте Македонија за време на Вашата неодамнешна посета на Балканот остварена заедно со Државниот секретар Хилтон, не и помага на земјата да напредува во своите интегративни процеси. 

 

Европската унија конечно мора да се соочи со фактот дека постои земја, наречена Македонија, со посебен македонски иентитет, јазик, и народ, која тропа на вратите на Европската унија. ЕУ не смее да дозволи притисокот од страна на една земја-членка да го попречи сонот за комплетирање на Европа, целосна, слободна и во мир – земја-членка која воедно ја има ставено во опасност и самата Европска унија како резултат на нејзините економски и фискални политики. ОМД смета дека стабилноста на целиот Југоисточен регион зависи само од вклучувањето на Македонија во Европското семејство што е можно поскоро. 

 

ОМД се надева дека Вашиот Амбасадор јавно ќе и се извини на јавноста, и ќе се воздржи од слични навредливи коментари во иднина. 

 

ОМД со нетрпение очекува на идна соработка со Вас, Еврокомесарот Филе и институциите на ЕУ како би се погрижиле Македонија во декември да го добие веќе долго-одложуваниот датум за преговори со Европската унија. 

 

Со почит, 

 

Методија А. Колоски 

Претседател

Обединета македонска дијаспора 

 

Please follow and like us: