ОМД му честита на претседателот Обама

Обединетата македонска дијаспора (ОМД), во име на повеќе од половина милион Американци со македонско потекло, му го честита на претседателот Обама вториот мандат за претседател на САД и очекува да продолжат да работат со неговата администрација за зајакнување на американско-македонските билатерални односи.  ОМД исто така го поздравува и гувернерот Мит Ромни и неговата служба за американскиот народ, и му посакува се најдобро во иднината.

За време на НАТО самитот во 2009 година во Стразбур, претседателот Обама рече “го очекуваме денот кога ќе и посакаме добредојде на Македонија во алијансата.  Вратата за членство ќе остане отворена и за други земји кои ги исполнуваат стандардите на НАТО и можат значајно да придонесат кон сојузничката безбедност.”  За време на НАТО самитот во Чикаго во мај 2012 година оваа порака повторно беше потврдена од страна на државната секретарка Хилари Родам Клинтон кога таа изјави дека”ова треба да биде последен самит без проширување на алијансата.” 

ОМД им се приклучува на бројните американски политичари меѓу кои се и поранешните државни секретарки Медлин Олбрајт и Кондолиза Рајс, поранешните секретари за одбрана Вилијам Коен и Доналд Рамсфелд, како и поранешните советници за национална безбедност генерал Џејмс Џонс и Сенди Бергер, заедно со над 60 двопартиски конгресмени во повикот до претседателот Обама во најскоро време да се обезбеди заслуженото место на Македонија на НАТО масата.  Ние сметаме на активното ангажирање на администрацијата за ова прашање и на нивната способност да се заштитат од штетното влијание на некои етнички групи со специјални интереси кои имаат за цел да влијаат врз американската надворешна политика кон југоисточна Европа.

Македонско-американската заедница нема да толерира меѓународен притисок за промена на уставното име на Македонија, јазикот и идентитетот.  ОМД се надева дека администрацијата на Обама ќе продолжи цврсто да ги поддржува принципите на самоопределување, како и евро-атлантската интеграција на Македонија.

ОМД им се заблагодарува на сите Американци со македонско потекло кои ја извршија својата граѓанската одговорност и вчера гласаа на изборите во САД.  ОМД смета дека само со активно учество во демократскиот процес на САД може да се придонесе за унапредување на македонско-американската заедница. 

 

Please follow and like us: