Севин Елекдаг и Методија Колоски: САД да помогнат да се стави крај на екстремизамот во Грција

Излезе статија денес во најчитаното списание на Конгресот, The Hill, од страна на Методија Колоски од Обединетата македонска дијаспора (ОМД) и Севин Елекдаг од Турската Коалиција на Америка за ситуацијата во Грција околу малцински права.  Статијата на македонски следува.  За оргиналната верзија, кликнете тука.  

 

Севин Елекдаг и Методија Колоски: САД да помогнат да се стави крај на екстремизамот во Грција

Како што во последниве неколку месеци економските проблеми во Грција продолжија да се движат по надолна спирала, а насилството и политичкиот екстремизам добија алармантната пораст, сега оваа реторика на омраза се шири и во грчката дијаспора во САД.  Ова движење на насилство и политички екстремизам е предводено од страна на ултра-националистичката и нео-нацистичката партија Златна зора, која се издигна од сенката на грчкото општество и успеа да добие 18 места во Грчкиот парламентот, а сега отворија и сателитска канцеларија во нашиот сопствен двор – во Њу Јорк.  Подемот на нетолеранцијата во Грцја преставува закана на многуте маргинилизирани заедници, и затоа ние повикуваме светот да научи од ужасните лекции на минатиот век, кога фашизмот во Европа доби масовна поддршка во време на тешки економски  услови.

Во јули 2012 година, организацијата за човекови права „Хјуман рајтс воч“ објави извештај под наслов “Омраза на улица: ксенофобично насилство во Грција.”  Овој извештај од 99 страници ги обвини грчките власти за “неуспехот да се справат со зголемувањето на ксенофобичното насилство од кое мигрантите во Грција се плашат да илзезат на улица.”  Она што поттикнува страв помеѓу луѓето од негрчка етничка припадност се извештаите за корупцијата и блиските врски на Златна зора со лидерство на грчката полиција.

Влошувањето на економската криза во Грција преставува плодна почва за групи како Златна Зора да, чии лидери го негираат холокаустот и чии членови се вмешани во насилството и злосторствата против имигрантите, политичките противници и како и граѓаните од не-грчко потекло.  Меѓутоа, сегашната фискална криза во земјата е само дел од приказната.

Брзото и лесното издигнување на Златна зора во грчката политика доаѓа од историската неспособност на Грција да се соочи со нетолеранцијата и ксенофобијата.  Всушност, неодамнешните напади и злосторства врз работниците-мигранти се само доказ за верската и културната репресија врз Македонците, Турците, Албанците, Власите, Ромите и други, кои постојано се спречувани слободно да ја практикуваат својата религија и да го негуваат своето културно наследство.

Тоа доведува до токсичен слив на сериозни економски тешкотии во комбинација со длабоко вкоренетата нетолеранција во грчкото општество.

Во последните неколку години, Обединетите нации, Советот на Европа и Европскиот суд за човекови права, како и неколку реномирани меѓународни тела за човекови права, постојано ја повикаат грчката влада да ги зашти основните човекови права и слободи.  Сепак, и покрај овој меѓународен притисок, Грција продолжува со забраната на употребата на ознаките со зборовите “турски” или “македонски” во било какво службено својство.  Групи од не-грчка националност се принудени да се кријат или да го отфрлат сопствениот идентитет и култура.  Во меѓувреме, состојбата на сите останати религии, вклучувајќи ја и Македонската православна црква, не е ништо подобра.

Грција е членка на ЕУ од 1981 година, а сега се бори и за место во Советот за човекови права во Обединетите Нации.  Негирањето на основните човекови права во сопстеваната држава, ја прави неприфатлив апликант за оваа позиција. 

Соединетите Американски Држави и Европската унија мора да ја спречат Грција да добие позиција на лидерство во сферата на меѓународните човекови права се додека Грција не почне да ги штити правата на сопствените маргинализирани заедници и активно да се бори против дискриминацијата врз основа на расана, религиска и етничката припадност.

Со тоа САД и ЕУ би му покажале на светот дека лекциите од минатиот век не се заборавени.

Севин Елекдаг е научен соработник на Турската Коалиција на Америка, непрофитна организација која има за цел да ги зајакне американско-турските односи и да ја едуцира јавноста за Турција и акериканските Турци. 

Методија А Колоски е претседател на Обединетата македонска дијаспора (ОМД), една од водечките меѓународни невладини организација која ги преставува интересите и потребите на македонскиот народ и македонските заедници  ширум целиот свет. 

 

Please follow and like us: