Благодарение на поддршката од страна на нашите членови и донатори ширум светот, ОМД има постигнато значителен напредок во однос на застапувањето на Македонците и нивните права во светот. Како резултат на тоа македонскиот глас во светот е станат попрофесионален, погласен и повлијателен.
Присуство во Вашингтон:
ОМД е првата и моментално единствената македонска организација во центарот на светската политика – Вашингтон. ОМД ја отвори својата прва канцеларија во 2008 година во срцето на Вашингтон на само чекори од Белата куќа и Конгресот. Притоа основаше програма преку која ОМД нуди стипендии за студенти и дипломци да дојдат во Вашингтон и да се здобијат со искуство во меѓународни односи.
Присуството на ОМД во Вашингтон е од исклучително значење што може да се види по политиката на Америка према Македонија. Пред основањето на ОМД интересите на различни групи во Америка имаа значително влијание врз креирањето на американската политика према Македонија. Со основањето на ОМД политичарите и носителите на одлуки имаат можност да ја слушнат македонската перспектива и да ја земат в предвид во својот процес на носење одлуки. ОМД верува дека е време Македонците да ја креираат својата иднина.
Создавање на првата Група на пријатели на Македонија и Американци со македонско потекло во Конгресот:
Од своето основање, организацијата работи на воспоставување односи со членовите на Конгресот на кои би им ја акцентирале важноста на пријателските односи помеѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Пред 2004 година Македонија и Американците со македонско потекло немаа голема поддршка во Конгресот. Тоа се промени во 2011 година кога за прв пат во историјата на односите помеѓу Македонија и Америка беше создадена групата на Пријатели на Македонија и Американци со македонско потекло во Конгресот која што од неодмна брои 15 членови. За прв пат една организација на членови во Конгрес во своето име го содржи името ‘Македонија’ и ‘македонски’, реафирмирајќи го правото на самоопределување на нашата нација.
Македонија и НАТО кампањата:
Ставот на ОМД е дека Македонија ги има исполнето условите за членство и заслужува да стане полноправна членка на Алијансата. Од 2007 година ОМД одржува едукативни и информативни кампањи за поддршка за македонското членство во НАТО. Во 2009 година, петнаесетина конгресмени доставија писмо до државниот секретар на САД, Хилари Клинтон, повикувајќи на силна поддршка во зајакнувањето на односите помеѓу Македонија и САД. Понатаму, пред Лисабонскиот самит во 2010 година деветнаесетмина конгресмени побараа од Претседателот Обама да ги искористи сите расположливи дипломатски средства како Македонија би добила покана за членство во НАТО. Во март годинава дури 54 конгресмени побараа од Претседателот Обама да завземе водечка улога за време на НАТО Самитот во Чикаго. Овој успех се должи на напорите од страна на ОМД и македонската заедница во САД кои што туркаат за зголемена поддршка за Македонија од двете страни на американскиот политички спектрум.
Обединување на дијаспората:
Една од главните цели на ОМД е обединување на македонската дијаспора ширум светот. Почнувајќи од 2009 година ОМД организира годишна конференција за македонската дијаспора. Во 2009та успеа да собере преку 1500 претставници од 23 земји ширум светот како би ги дискутирале проблемите и предизвиците со кои се соочува македонскиот народ. Покрај тоа, ОМД повикува на активно учество на дијаспората во креирањето на иднината на нашата татковина, Македонија.
Досегашни активности на ОМД во САД:
Остварени повеќекратни средби со Амбасадорот на ОН Метју Нимиц на кои се акцентираше ставот на дијаспората во врска со прашањето за името.
Организирани неколку ‘Дена на Македонија’ во Конгрес и при Обединетите нации.
Ја предводеше проектната коалиција на Американците со македонско потекло за пописот во САД во 2010 година.
Организираше состаноци помеѓу македонската дијаспора и челното раководство на Република Македонија.
Објави колумни во Вашингтон Тајмс, Асоцијација за надворешна политика, и други.
Досегашни активности на ОМД во Австралија:
Поддржани и промовирани македонските протести во Мелбурн од 2008 година за името на кои присуствуваа повеќе од 20, 000 учесници.
Ко-организира три форуми во периодот од 2009 до 2011 година за унапредување на односите меѓу Македонија и Австралија во австралискиот Парламент и по повод 20 годишнината од македонската независност.
Од значитена помош за проектот на австралискиот истражувачки совет наречен ‘Истражување за македонската заедница во Аврсталија и односите со Македонија’ поддржан од македонското Министерство за надворешни работи и Универзитетот Викторија. Извештајот во којшто директорот на ОМД Австралија, г. Ордан Андреевски, има свој придонес беше лансиран во 2012 година.
Објави девет колумни со поддршка за Македонија во пишаниот медиум – Австралиска надворешна политика.
Досегашни активности на ОМД во Канада:
Доделена наградата Гоце Делчев на канадскиот Претседател на Влада, Стивен Харпер.
Предводени четири делегации во канадскиот Парламент во Отава.
Објавени колумна во пишаниот медиум – Национален пост.
Организирани средби помеѓу македонски активисти од Балканот и политичари во Отава, Торонто и Вашингтон.
Спонзорирани две студентски патувања во Македонија во периодот од 2009- 2010 година за студенти од Универзитетот во Торонто.
Досегашни активности на ОМД во Европа:
Предводена делегација во Европскиот парламент во Брисел во 2009 година.
Координирани и испратени повеќе од 3 милиони електронски писма во 2006 година до пратениците во Европскиот парламент протестирајќи дискриминацијата на македонското малцинство во Бугарија.
Достигната застапеност во пет европски земји.
Различни културни, образовни и добротворни проекти:
Спонзорирани Македонскиот филмски фестивал во Лондон (2009) и во Торонто (2009 – 2011); Македонскиот културен фестивал во Њу Џерси во 2008 година, и Фестивалот на македонска храна во Перт, Автралија во 2011 година.
Доделени 14, 000 долари во стипендии за младите кадри.
Организирани премиери на филмовите ‘Име си е име’ и на филмот ‘Следната година во Лерин’ на Документарниот филмски фестивал во Хот Спрингс во 2009 година.
Спонзорирана 7та конференција на македонски студии при Универзитетот на Јута во Солт Лејк Сити во 2009 година.
Донирани повеќе од 20, 000 долари за помош на децата и постарите граѓани во Македонија.