Цели и Мисија

Мисија

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) е врвна меѓународна, невладина организација чија главна цел се интересите и потребите на луѓето со македонско потекло и македонските заедници ширум светот.

Примарната цел на на ОМД е да го обедини македонскиот народ и нивните интереси. Активностите на ОМД се фокусирани кон промоција на нашето македонско историско, духовно и културно наследство, како и промоција на македонската традиција во рамката на различни едукативни и добротворни програми.

Организацијата беше основана во 2004 година и е со седиште во Вашингтон во Соединетите Американски Држави. ОМД има мноштво претставници во: Австралија, Австрија, Канада, Франција, Германија, Грција, Русија, Обединетото Кралство и неколку претсавништва во САД.

Цели на организацијата:

  • Заштита на правата на Македонците ширум светот
  • Зајакнување на единството на македонската дијаспора
  • Делување во полза на македонските заедници пред владини и меѓународни тела
  • Соработување со меѓународната заедница за заштита на универзалните принципи на мир, слобода, самоопределување и правда
  • Зачувување и промоција на македонската култура.

Дејствување:

  • Поддршка за Република Македонија во спорот со името
  • Залагање за македонските прашања преку образовни и добротворни напори како и социјални и културни настани
  • Одбрана на македонскиот етнички и национален идентитет на меѓународно ниво
  • Поддршка за човековите права на Македонците во Албанија, Бугарија, Грција, Косово, и Србија.
  • Подобрување на билатералните односи помеѓу Македонија и Австралија, Канада, Кина, земјите-членки на Европската унија, Русија, Соединетите Американски Држави, и други.
  • Потпомагање на македонските напори за членство во меѓународни тела како што се Европската унија и НАТО.

Обединетата македонска дијаспора смета дека успехот и добросостојбата на македонските заедници ширум светот е од извонредна важност за успехот и добросостојбата на Република Македонија.