Site icon United Macedonian Diaspora

Реакција од ОМД: Избирачкото право на македонскиот граѓанин надвор од државата е повредено и загрозено

Уште од 2011 година на македонските граѓани со живеалиште надвор од границите на Македонија имаат право да го остваруваат општото избирачко право и да го дадат својот глас на непосредни и тајни избори пред дипломатските-конзуларни претставништва. Иако, прагот за избирање пратеник е покачен до 6,540, до ден денес ништо не е променето во начинот и системот за гласање во странство тдври Обединета Македонска Дијаспора (ОМД), најголемата организација на македонците надвор од Македонија. 
 
Крајниот рок за пријавување на македонските граѓани надвор од Македонија беше 23:59 часот на 11ти март. До 23:59 часот на 11ти март на веб-страницата на ДИК имаше 7,508 вкупно пријави, кој 5,428 беа прифатени пријави, 59 одбиени пријави, и 2,067 необработени. На 12ти март, на веб-страницата на ДИК имаше од 7,508 вкупно пријави 6,570 прифатени пријави, 948 одбиени пријави, и 948 необработени. На 13ти и 14 март, на веб-страницата на ДИК имаше од 7,535 вкупно пријавени, 6,096 прифатени пријави, 1,439 одбиени пријави, и 0 необработени. По разгледување на неколку решенија добиени од страна на Државната Изборна Комисија, ОМД воочи дека на истите потенцијални гласачи од македонската дијаспора решенијата му се испратени од несоодветна електронска пошта односно не се испратени од официјален е-маил на ДИК туку од е-маил адреса dkpdik@gmail.com.
 
Од сето тоа ОМД најде дека постојат поголем број на неосновани причини за овие Решенија да бидат одбиени со што се загрозува темелното и универзално право на граѓанинот, правото да избира и да биде избран на општи и непосредни избори, право кое исто така е потврдено со Универзалната Декларација за човекови права и Европската Конвенција за човекови права, Уставот на Република Македонија и други акти од позититното право на Македонија. Сакаме да потенцираме дека за нашата организација ОМД е доста сомнително тоа што веб-страницата на ДИК постојано беше во неисправана состојба со што се оневозможи голем број на наши гласачи од странство да ја процесуираат пријавата, а со цел да не се постигне квотата за гласање на македонските граѓани надвор од Македонија. 
 
За време на регистрацијата на македонските граѓани надвор од Македонија, ОМД го утврди следното: 
 
– На официјалната веб-страница на Министерот без ресор задолжен за дијаспората (https://diaspora.gov.mk) не постои никаква информација или соопштение дека се случува регистрација за македонските граѓани надвор од Македонија. Последната вест на оваа страна е од поставување спомен биста на реномираниот македонски сликар, Никола Мартиноски, во Букурешт, Романија на 11ти декември 2019 година. Заклучок, страната не е обновена од 11ти декември 2019 година.
– На официјалната фејсбук страна на Министерот без ресор задолжен за дијаспората (https://www.facebook.com/ediademi.mk) не постои никаква информација или соопштение дека се случува регистрација за македонските граѓани надвор од Македонија. 
– На официјалната веб-страница на Агенцијата за Иселеништво (https://www.minisel.gov.mk) не постои никаква информација или соопштение дека се случува регистрација за македонските граѓани надвор од Македонија. Една од последните повици на нивната веб-страна е “ЈАВЕН ПОВИК за пријава и увид во Избирачки список за гласање во странство за изборите за претседател на Република Македонија , 21 април 2019 година.”
– На официјалната фејсбук страна на Агенцијата за Иселеништво (https://www.facebook.com/iselenistvo/) има само една информација само на македонски со линк до ДИК за пријавување на 19ти февруари во 09:33 часот со текст “Електронска пријава на гласачите за гласање во дијаспората на предвремените парламентарни избори на 12.04.2020 година на следниот линк.”
– На официјалната веб-страница на Министерството за Надворешни Работи (https://mfa.gov.mk) има една вест објавена само на македонски на 19ти февруари со текст “Јавен повик за пријава и увид во Избирачки список за гласање во странство за Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија на 12 април 2020 година.”
– На официјалната фејсбук страна на Министерството за Надворешни Работи (https://www.facebook.com/MFA.North.Macedonia) не постои никаква информација или соопштение дека се случува регистрација за македонските граѓани надвор од Македонија. 
– Доколку има гласање, гласањето би се одвивало во дипломатските-конзуларни претставништва на Македонија. По разгледување на сите веб-страници на Амбасади и Конзулати, како и социјалните мрежи на ДКП-та, не најдовме ниту една информацијата или соопштение дека се случува регистрација за македонските граѓани надвор од Македонија.
– Во претходните изборни циклуси, дипломатските-конзуларни претставништва испрајќа е-маилови како соопштение дека има регистрација за македонските граѓани надвор од Македонија. Овој пат заклучивме  дека ниту едно ДКП не испрати било каква информациија или соопштение дека се случува регистрација за македонските граѓани надвор од Македонија.
 
Со оглед на многу малку информации во јавноста на јавниот повик на ДИК за пријавување, и со тоа дека немаше кандидати предложени за пратеници од македонските граѓани надвор од Македонија, ОМД го поздравува тоа што 7,535 се пријавиле за избори, но заклучокот е дека надлежните институции во Македонија го згрозија Уставното загарантирано право на глас на македонскиот граѓанин надвор од Македонија и дека заедно со ДИК, иако се смета за независно тело, активно правеше сузбивање на гласачите. 
 
ОМД ја користи оваа прилика да ги повика тие 1,439 одбиени пријавени гласачи кој имаат неоправдани причини за одбивање да ни се обратат преку е-маил info@umdiaspora.org за да се разгледат можностите за отпочнување постапка пред институциите на Република Македонија.
 
ОМД не може да не го напоменеме несоборливиот факт а тоа е фактот дека на многу пријавени и одбиени гласачи му е нарушено основното човеково право а тоа е правото на почитување на приватниот и семејниот живот со тоа што од страна на Државната Изборна Комисија беа и се јавно објавени на веб-страницата на ДИК личните податоци на сите кои се пријавени. Повредено е ова основно човеково право загарантирано со Европксата Конвенција за Човекови Права односно Член 8, и спротивно на Законот за Заштита на Личните Податоци.*
 
За сите што сметате дека вие повредетно правото на приватност преку повреда на правото за заштита на личните податоци преку следниов линк: https://dzlp.mk/node/3274 можете електронски да го поднесете до Агенцијата за заштита на личните податоци со што истата ќе спроведе инспекциски надзор врз работата на ДИК.
 
За да го пополните Барањето кога кликнувате на линкот веднаш автоматски ви се отвара формуларот. Следете ги следниве чекори.
 
1. Во полето подносител одберете ФИЗИЧКО ЛИЦЕ
 
2. Следено е да ги пополните полината со вашите лични податоци (препорачуваме македонската адреса да си ја ставите)
 
3. Полето за законски застапник не го пополнувате 
 
4. Веднаш после тоа треба да ги наведете податоците од правното лице кое сметате дека ги повредило правата односно ДИК – вие треба да пополните Државна Изборна Комисија 
 
5. Следен чекор е треба да ги наведите податоците од типот адреса и телефонски број на ДИК и е-маил адреса;
 
Улица: Св.Кирил и Методиј бр.54, Скопје 1000
Е-пошта: izbori@sec.mk
Телефон: +389 2 3244744
Факс: +389 2 3244745
Izbirackispisok@sec.mk
 
6. Следно ги опишувате повредите (од типот како ви се повредени правата, на пример јавно објавување на лични податоци на веб сајтот).
 
На веб-страницата на Државна Изборна Комисија (https://dijaspora.sec.mk/IzbirackiSpisok.aspx), ДИК јавно ги објавува моите лични податоци, како и личните податоци на 7,534 други македонски државјани. 
 
7. Следно треба да специфицирате каде точно вие треба да го пишете веб сајтот каде штто ви се објавени податоците,
 
https://dijaspora.sec.mk/IzbirackiSpisok.aspx
 
8. Во полето Прикачи документи прикачете ги сликите од screenshot и прикачете ги како слики каде што се гледа како ви се објавени податоците
 
9. Кликнете дека сакате копија од барањето да ви се достави на вашиот емаил
 
10. За крај пишете го кодот и кликнете поднеси.
 
11. Направете преглед на вашето барање дека сите информации се точни и потоа кликнете поднеси.
 
12. Страницата ќе покажи Ви благодариме за поднесеното барањe.
Бројот на вашето барање е: – Зачувајте го вашиот број.
 
Доколку и кога ќе добиете одговор од Агенцијата за заштита на личните податоци, ве молиме да ни ги испратите до info@umdiaspora.org.
 
* Со овој закон се врши усогласување со европската регулатива во областа на заштитата на личните податоци, и тоа: Регулатива (ЕУ) 2016/679 на Европскиот парламент и на Советот од 27 април 2016 година за заштита на физички лица во поглед на обработката на лични податоци, за слободно движење на таквите податоци и за укинување на Директива 95/46/ЕЗ (Општа регулатива за заштита на податоци) CELEX број 32016R0679.
Exit mobile version